| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со дронови во Кувајт
Двајцата загинати биле техничари кои работеле за германската одбранбена компанија Реинметал, а во нападот биле повредени уште две лица, соопштија кувајтските власти без да прецизираат кој објект бил цел на нападот
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Италијанците настрадале од остатоци од дроновите кои биле соборени од противвоздушната одбрана / Anadolu Agency (Wire)
 

Двајца Италијанци загинале од остатоци на ирански беспилотни летала кои биле пресретнати и уништени во Кувајт, објави италијанската новинска агенција AНСA.

Уште други две лица се ранети во иранскиот напад со беспилотни летала насочен кон витален објект во Кувајт.

Двајцата загинати биле техничари кои работеле за германската одбранбена компанија Реинметал (Rheinmetall).

Кувајските власти, исто така, потврдија дека двајцата Италијанци починале од повредите. Министерството за надворешни работи на Кувајт изрази сочувство до нивните семејства и им посака брзо закрепнување на другите повредени лица.

Претходно, портпаролот на Министерството за одбрана, Абдулазиз ал-Атван, изјави дека противвоздушната одбрана открила неколку непријателски беспилотни летала во кувајтскиот воздушен простор и интервенирала.

Нападот со дронови бил насочен кон витален објект, но ракетите ги пресретнале и уништиле, предизвикувајќи паѓање на шрапнели при што биле повредени четири лица, вклучувајќи еден Кувајќанец, двајца Италијанци и еден Пакистанец, додаде тој.

Нападот, исто така, предизвикал материјална штета, иако министерството не го идентификувало целниот објект ниту дало детали за обемот на штетата.

Повеќе
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“
ЕК ќе ги прераспредели парите од Планот за раст на Западен Балкан поради неисполнетите обврски
Европскиот парламент усвои резолуција за Вуковар
Туркије разби мрежа за сајбер шпионажа насочена кон одбраната и критичните државни институции
Андоновски: Први од Западен Балкан го завршиме техничкиот дијалог со ЕК за Роаминг како дома
Тему се обврза да ги запре лажните попусти и измамничките практики, соопшти ЕУ
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Чупиќ: Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември
Медиуми: Нетанјаху смета дека само чудо може да го спречи Ајзенкот да формира влада
Министрите за одбрана на Туркије и Унгарија се сретнаа во Анкара