| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Откако преговорите завршија без успех, синдикатот најави нови 24-часовни штрајкови за 17 и 19 декември, 4 и 6 јануари, како и за 17, 23 и 25 февруари
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото / Reuters (Wire)
 

Се очекува Лондон да се соочи со сериозни доцнења во сообраќајот, откако денес започна еднодневен штрајк на машиновозачите во метрото, како дел од тековниот спор околу условите за работа.

Машиновозачите, кои се членови на синдикатот RMT (Синдикат на работници во железницата, поморскиот сообраќај и транспортот), започнаа 24-часовен штрајк во четвртокот напладне – првиот во низата најавени протестни акции.

Штрајкот следи откако синдикатот во средата соопшти дека ќе продолжи со протестите поради плановите за воведување нови правила, кои „би ги поткопале постоечките договори и би ги влошиле условите за работа“.

Според RMT, предложените планови предвидуваат зголемено време поминато во управување со возовите, подолги смени, порано започнување и подоцнежно завршување на работата, промени во распоредот со многу краток рок, како и „напад“ врз постоечките права за преместување и договорите за годишен одмор.

„Генералниот секретар на RMT, Еди Демпси, изјави дека синдикатот постојано барал гаранции оти ниту еден машиновозач нема да биде оштетен, но раководството на лондонското метро не успеало да ги обезбеди тие уверувања“, се наведува во соопштението.

Синдикатот планира дополнителни штрајкови на 17 и 19 декември, 4 и 6 јануари, како и на 17, 23 и 25 февруари.

Повеќе
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва
Лавров смета дека ЕУ има „несериозен пристап“ во решавање на украинскиот конфликт