| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
3 мин читање
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека армијата би можела присилно да ги премести жителите кон југ, додека израелските сили продолжуваат со нападите низ Газа и окупираниот Западен Брег
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Кац тврди дека израелските сили уништиле 70 отсто од Газа и сега ги контролираат тие области / reuters
 

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани со нова воена офанзива во Газа, која би вклучувала раселување на еден милион Палестинци, повторувајќи ги повиците до жителите да ја напуштат територијата.

Во објава на платформата X во четвртокот, Кац тврдеше дека израелските сили уништиле 70 отсто од Газа и сега ги контролираат тие области, вклучително и коридорот Филаделфија, долж границата меѓу Газа и Египет.

Тој ја опиша контролата на палестинската група на отпорот Хамас врз преостанатата територија како „илузија“ и побара од групата да го положи оружјето согласно планот на американскиот претседател Доналд Трамп, во спротивно ќе се соочи со понатамошни воени дејствија.

Кац изјави дека офанзивата ќе се одвива по моделот на „Операцијата Бојни коли на Гидеон II“ (Operation Gideon's Chariots II) и ќе вклучува преместување на еден милион Палестинци кон југ- при што се мисли на масовно раселување, уништување на инфраструктурата и уривање на објекти. Тој исто така наведе дека се прават подготовки за оние кои сакаат да ја напуштат Газа.

Кац се закани дека ќе го земе на нишан шефот на политичкото биро на Хамас, Калил ал-Хаја, кој се наоѓа надвор од палестинските територии, и додаде дека израелските сили веќе ликвидирале неколку високи функционери во Газа.

И покрај договорот за прекин на огнот што стапи на сила во октомври 2025 година, израелските напади врз Газа продолжуваат.

Според Министерството за здравство во Газа, оттогаш се убиени најмалку 1.679 Палестинци, а 6.100 се ранети. Вкупниот број на загинати во израелската геноцидна војна против Газа, започната во октомври 2023 година, надмина 74.000, додека бројот на ранети изнесува повеќе од 176.000.

Рации и напади на окупираниот Западен Брег

Одделно, во раните часови во четвртокот, израелските сили уапсија 11 Палестинци за време на рации низ окупираниот Западен Брег. Меѓу уапсените е и Ахмад Атун, поранешен пратеник од Источен Ерусалим, соопшти Медиумската канцеларија за палестински затвореници.

Пет лица се уапсени во областа Наблус, додека други биле приведени во гуверноратите Витлеем и Џенин. Атун (58) бил уапсен во својот дом во Беит Сахур, јужно од окупираниот Источен Ерусалим, соопшти организацијата.

Од групата наведоа дека апсењата се одраз на поширока израелска политика насочена кон поранешни затвореници и остакнати национални личности.

Во посебен инцидент, Организацијата за човекови права „Ал Бајдар“ соопшти дека илегални израелски доселеници запалиле возило на еден Палестинец во Беита, јужно од Наблус. Возилото било уништено, но нема извештаи за повредени лица.

Палестинските институции имаат евидентирано повеќе од 26.000 апсења на окупираниот Западен Брег во периодот од октомври 2023 до почетокот на октомври 2026 година, вклучително и лица кои подоцна биле ослободени.

Палестинците предупредуваат дека зачестените рации и нападите од страна на илегални доселеници се дел од напорите да се подготви теренот за Израел да ја анектира таа територија.

Повеќе
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“
ЕК ќе ги прераспредели парите од Планот за раст на Западен Балкан поради неисполнетите обврски
Европскиот парламент усвои резолуција за Вуковар
Туркије разби мрежа за сајбер шпионажа насочена кон одбраната и критичните државни институции
Андоновски: Први од Западен Балкан го завршиме техничкиот дијалог со ЕК за Роаминг како дома
Тему се обврза да ги запре лажните попусти и измамничките практики, соопшти ЕУ
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Чупиќ: Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември
Медиуми: Нетанјаху смета дека само чудо може да го спречи Ајзенкот да формира влада