| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Во Охрид фокусот на регионалната дипломатија - Започна средбата на Процесот Брдо-Бриони
Покрај Сиљановска-Давкова, како домаќин на средбата, како коорганизатори учествуваат претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ
Во Охрид фокусот на регионалната дипломатија -  Започна средбата на Процесот Брдо-Бриони
Започна средбата на лидерите од Процесот Брдо-Бриони / TRT Balkan MK
 

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, во Охрид ги пречека претседателите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Покрај Сиљановска-Давкова, како домаќин на средбата, како коорганизатори учествуваат претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

На средбата учествуваат и претседателот на Албанија, Бајрам Бега; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пуља; претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Жељка Цвијановиќ; како и членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На крајот од состанокот претседателката Сиљановска-Давкова и претседателите Пирц Мусар и Милановиќ ќе одржат заедничка прес-конференција.

Процесот Брдо-Бриони првпат започна со средбата одржана во 2013 година во Брдо, во близина на Крањ, на заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска.

Главна цел на овој процес е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија (ЕУ), стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку зајакнување на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Годинашната средба, која требаше да се одржи во мај, беше откажана поради несогласувањата меѓу Србија и Хрватска, а потоа организацијата на средбата ѝ беше доверена на Северна Македонија.

Повеќе
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво до март 2027 година
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
Мерц најави предвремен крај на самитот на ЕУ за буџетот поради длабоки поделби
Владејачката коалиција на Нов Зеланд го загуби мнозинството во конечното пребројување на гласовите
Кои се клучните приоритети на Нацрт-стратегијата за туризам 2027-2032?
Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати и ја забрзува европската интеграција
Мерц го отфрли предлогот за буџетот на ЕУ, бара дополнителни намалувања
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“
ЕК ќе ги прераспредели парите од Планот за раст на Западен Балкан поради неисполнетите обврски
Европскиот парламент усвои резолуција за Вуковар