| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
„Тоа е апсурдно. Дури ни Соединетите Американски Држави не отидоа дотаму“, изјави Албанезе
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата / АА
 

Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН), Франческа Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да ѝ го одбие влезот во земјата, отфрлајќи ги обвинувањата за поврзаност со тероризам и барајќи од властите или да ги поткрепат своите тврдења или да се извинат.

Албанезе, специјалната известувачка на ОН за состојбата со човековите права на окупираните палестински територии, пристигна на меѓународниот аеродром „Хуан Сантамарија“ на покана на Универзитетот во Костарика, кој денес требаше да ѝ додели почесен докторат.

Директорот за имиграција на Костарика, Омер Бадила, во видеоизјава рече дека властите ѝ го одбиле влезот на Албанезе од причини поврзани со националната безбедност, наведувајќи наводно меѓународно предупредување за поврзаност со терористички акти.

Бадила ниту ја наведе институцијата што го издала предупредувањето ниту, пак, приложи докази за поткрепа на обвинувањата.

Во изјавата за медиумот „Делфино.цр“ („Delfino.cr“) од Костарика, дадена директно од аеродромот, Албанезе категорично ги отфрли обвинувањата.

„Тие мора да го докажат тоа или, пак, да се повлечат и да се извинат“, рече таа, нагласувајќи дека владите имаат право да го регулираат влезот на своја територија, но немаат право да клеветат поединци.

„Тоа е апсурдно. Дури ни Соединетите Американски Држави не отидоа дотаму“, додаде таа.

Албанезе, исто така, ги обвини властите во Костарика дека се обиделе присилно да ја вратат во Франција, против нејзина волја.

Во соопштението, Универзитетот во Костарика ги повика имиграциските власти и Министерството за надворешни работи да ја појаснат правната основа за нивната одлука и да обезбедат Албанезе да има соодветен третман како експерт на ОН во мисија, како и да ѝ гарантираат соодветна правна постапка.

Универзитетот го оцени одбивањето за влез како сериозен проблем што бара јавно објаснување, потсетувајќи на долгогодишната посветеност на Костарика на меѓународното право и слободата на мислење.

Според јавувањата на локалните медиуми, Уставниот суд на Костарика издал привремена наредба со која им се забранува на властите присилно да ја отстранат Албанезе од земјата сè додека не се донесе одлука по барањето за заштита на личната слобода (habeas corpus), поднесено во нејзино име.

Судот, исто така, им наложи на имиграциските службеници во рок од 24 часа да достават официјален извештај со образложение за своите постапки.

Албанезе, италијанска правна експертка именувана од Советот за човекови права на ОН во 2022 година, е гласен критичар на израелскиот геноцид во Газа и на третманот на Палестинците на окупираниот Западен Брег. САД воведоа санкции за Албанезе во јули 2025 година поради нејзината соработка со Меѓународниот кривичен суд (МКС), што предизвика критики од претседателот на Советот на ОН за човекови права.

Повеќе
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“
ЕК ќе ги прераспредели парите од Планот за раст на Западен Балкан поради неисполнетите обврски
Европскиот парламент усвои резолуција за Вуковар
Туркије разби мрежа за сајбер шпионажа насочена кон одбраната и критичните државни институции
Андоновски: Први од Западен Балкан го завршиме техничкиот дијалог со ЕК за Роаминг како дома
Тему се обврза да ги запре лажните попусти и измамничките практики, соопшти ЕУ
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Чупиќ: Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември
Медиуми: Нетанјаху смета дека само чудо може да го спречи Ајзенкот да формира влада