| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати и ја забрзува европската интеграција
Постепената интеграција и регионалната соработка треба да го зајакнат пристапниот процес заснован на заслуги, изјави вицепремиерот Сали на министерскиот состанок за европска интеграција, во рамки на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан
Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати и ја забрзува европската интеграција
Сали ја нагласи потребата од предвидлива финансиска поддршка и по 2027 година и од пристапот до единствениот европски пазар / Others
 

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок за европска интеграција, на 26 ноември во Тирана, во рамки на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан.

На сесијата посветена на постигнувањето резултати и забрзувањето на спроведувањето, Сали го презентирал напредокот на Северна Македонија во реализацијата на Реформската агенда.

Тој истакнал дека земјата обезбедила 142,1 милиони евра од Инструментот за реформи и раст, додека 22 реформски чекори, со проценета бруто-вредност од над 112 милиони евра, се пријавени во четвртото барање за средства и чекаат оценка од Европската комисија.

Министерот нагласи дека придобивките од интеграцијата веќе се мерливи.

До септември 2026 година, преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) се реализирани над 581 илјада трансакции, во вредност од околу 11 милијарди евра, со проценети заштеди од над 5 милиони евра.

Во своето обраќање, Сали стави акцент и на модернизацијата на граничните премини Деве Баир, Блаце и Богородица во рамки на иницијативата Зелени коридори, интеграцијата во европските синџири на вредност, усогласувањето на индустриските стандарди, дигитализацијата и одржливиот туризам.

Тој ги презентираше резултатите од ВиФи4ВБ (WiFi4WB), со над 204 илјади уникатни корисници, како и потенцијалот на иницијативите ДигитМАК и Везилка за дигитална трансформација и вештачка интелигенција.

Сали ја нагласи потребата од предвидлива финансиска поддршка и по 2027 година и од потесно поврзување на реформите, инвестициите и пристапот до единствениот европски пазар.

„Наши приоритети остануваат олеснувањето на граничниот проток, индустриската и дигиталната интеграција, како и забрзувањето на процесот за приклучување кон европскиот режим Роаминг како дома. Постепената интеграција треба да го забрза, а не да го замени полноправното членство во Европската Унија. Реформи дома, повеќе можности за граѓаните и компаниите, поблиску до Европа“, рече Сали.

Тој потврди дека постепената интеграција и регионалната соработка треба да го зајакнат пристапниот процес заснован на заслуги, додека полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел на земјата.

Повеќе
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад
Туркије го суспендира ослободувањето од визи за црногорските државјани со обични пасоши
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво до март 2027 година
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
Мерц најави предвремен крај на самитот на ЕУ за буџетот поради длабоки поделби
Владејачката коалиција на Нов Зеланд го загуби мнозинството во конечното пребројување на гласовите
Кои се клучните приоритети на Нацрт-стратегијата за туризам 2027-2032?
Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати и ја забрзува европската интеграција
Мерц го отфрли предлогот за буџетот на ЕУ, бара дополнителни намалувања
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“