| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад
Сајбер нападот се случи во време кога во текот на последните месеци се забележани низа инциденти насочени кон компании и јавни институции во Франција и во други земји.
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад / AFP
 

Меѓународната новинска агенција „Франс прес“ (АФП), со седиште во Париз, ја исклучи својата платформа за содржини „АФП Форум“ по извршен сајбер напад, соопшти раководството.

Нападот започнал во 01:30 часот по париско време и бил насочен кон „АФП Форум“ – платформа што ја користат клиентите за прегледување и преземање на содржините на агенцијата.

„Штом беше откриен упадот, нашите тимови веднаш презедоа мерки за негово сузбивање, а како претпазливост, платформата 'АФП Форум‘ беше исклучена. ‘АФП Форум‘ ќе биде недостапна до понатамошно известување“, се наведува во пораката.

Од агенцијата информираа дека сѐ додека платформата е недостапна, на претплатниците им се нудат алтернативни решенија.

„Во тек е истрага со помош на надворешни експерти. Во оваа фаза немаме информации за тоа кој стои зад нападот“, се додава во соопштението.

Сајбер нападот се случи во време кога во текот на последните месеци се забележани низа инциденти насочени кон компании и јавни институции во Франција и во други земји.

Некои од нападите им се припишуваат на криминални групи што се стремат кон финансиска добивка, додека други имаат цел да предизвикаат нестабилност.

Повеќе
Тему се обврза да ги запре лажните попусти и измамничките практики, соопшти ЕУ
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Чупиќ: Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември
Медиуми: Нетанјаху смета дека само чудо може да го спречи Ајзенкот да формира влада
Министрите за одбрана на Туркије и Унгарија се сретнаа во Анкара
Француската полиција започна „голем национален ден на мобилизација“
Кина ги обвини САД за политичка манипулација
Трамп и Руте разговараа за глобалните конфликти и придонесот на НАТО членките
Лидерите на ЕУ: Посветеност на перспективата за членство во Западен Балкан
УКМТО: Експлозија во близина на танкер во близина на Дубаи
Во израелски напади во Газа загинаа 5 Палестинци, меѓу кои и заменик-министерот за образование
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31