Капетан на танкер пријавил експлозија во близина на бродот 50 наутички милји западно од Дубаи, соопшти рано утрово Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО).
Капетанот ја припишал експлозијата на неидентификуван проектил. Сите членови на екипажот се безбедни, и не е пријавена никаква штета на танкерот или влијание врз животната средина.
ПРЕПОРАЧАНО
УКМТО го класифицира инцидентот како „сомнителна активност“ и им советува на бродовите во областа да продолжат со претпазливост додека властите истражуваат.














