| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мерц го отфрли предлогот за буџетот на ЕУ, бара дополнителни намалувања
Германскиот канцелар истакна дека планот на претседателот на Европскиот совет, Кошта за буџетот „сè уште е премногу висок“ и не претставува основа за договор, додека европските лидери започнуваат разговори во Брисел
Мерц го отфрли предлогот за буџетот на ЕУ, бара дополнителни намалувања
На Европа ѝ се потребни здрави финансии, не можеме и не смееме да преземаме дополнителни задолжувања во рамките на унијата, рече Мерц / AP (Wire)
 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го отфрли најновиот предлог за долгорочниот буџет на Европската Унија, барајќи дополнителни намалувања и исклучувајќи ново задолжување, додека лидерите започнаа разговори во Брисел.

„Предлозите што во моментов се на маса не претставуваат основа за договор. Вкупниот износ сè уште е превисок“, изјави Мерц пред новинарите при пристигнувањето.

„На Европа ѝ се потребни здрави финансии. Не можеме и не смееме да преземаме дополнителни задолжувања во рамките на Европската Унија.“

Мерц инсистираше буџетот за периодот 2028-2034 година јасно да ги стави во приоритет суштинските задачи што ги зајакнуваат одбранбените способности на Европа и обезбедуваат континуирана поддршка за Украина.

„Вие сте запознаени со мојот став: Мора да обезбедиме Украина и во годините што следуваат да продолжи да добива доволно поддршка“, нагласи тој.

„Тоа опфаќа и воена и хуманитарна помош – особено хуманитарниот аспект не треба да се потценува бидејќи е од витално значење.“

Европската комисија во јули првично предложи пакет од 1,985 билиони евра. Тој план беше отфрлен од Германија и од неколку други богати земји членки.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во меѓувреме предложи компромисен пакет во вредност од 1,781 билион евра. И по намалувањата, пакетот би бил речиси 50 проценти поголем од актуелната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година.

Според известувањата на германските медиуми, Берлин бара првичниот предлог на Европската комисија да биде намален за околу 400 милијарди евра, со што вкупниот износ би се приближил до 1,59 билиони евра.

Тоа би значело дополнително намалување од околу 200 милијарди во однос на актуелниот нацрт на Коста.

Повеќе
Кац се закани со нова офанзива во Газа која би можела да доведе до раселување на 1 милион Палестинци
Израел продолжува да убива Палестинци низ Газа во немилосрдни напади
Двајца Италијанци загинале во ирански напад со  дронови во Кувајт
Анкара ја отфрли резолуцијата на Европскиот парламент за поморскиот договор Туркије - Либија
Пленковиќ: Црна Гора нема да го затвори Поглавјето 31  ако не се реши прашањето за разграничувањето
Турскиот Совет за национална безбедност ја потврди посветеноста на процесот „Туркије без тероризам“
ЕК ќе ги прераспредели парите од Планот за раст на Западен Балкан поради неисполнетите обврски
Европскиот парламент усвои резолуција за Вуковар
Туркије разби мрежа за сајбер шпионажа насочена кон одбраната и критичните државни институции
Андоновски: Први од Западен Балкан го завршиме техничкиот дијалог со ЕК за Роаминг како дома
Тему се обврза да ги запре лажните попусти и измамничките практики, соопшти ЕУ
Лондончани се соочуваат со потешкотии поради почетокот на 24-часовниот штрајк во метрото
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Чупиќ: Претседателските избори во Србија распишани за 27 декември
Медиуми: Нетанјаху смета дека само чудо може да го спречи Ајзенкот да формира влада