| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Собранието ја констатираше оставката на обвинителот Коцевски
Функцијата ја вршев чесно и достоинствено и заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски
Собранието ја констатираше оставката на обвинителот Коцевски
Владата во барањето за разрешување на Коцевски наведе дека направил крупни професионални грешки при раководењето на ЈО (Фото: ЈОРМ) / Others
16 декември 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата.

Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување кое требаше да се одржи денеска би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Предлогот за негово разрешување што требаше да се разгледува на 76. седница го оцени како политичка одлука. Кажа дека од функцијата што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“.

Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

„Собраниска седница која очигледно требаше да биде само формалност и за која не ми беше овозможен ниту минимум разумен рок за да подготвам свое обраќање. Тоа е така затоа што е јасно дека станува збор за предлог кој не е заснован ниту на закон, ниту на факти, туку претставува опасен преседан со далекусежни последици по независноста на јавното обвинителство. Овој предлог како основи за разрешување содржи само три реда, а ниту еден од нив нема образложение или аргументирана поткрепа“, рече Коцевски во своето обраќање.

Според него, Законот е јасен: државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда.

„Тоа е така не заради заштита на Љупчо Коцевски или на кој било друг што ќе дојде на оваа функција, туку заради заштита на самостојноста на јавното обвинителство и начелото на поделба на власта. Принципи кои денеска се длабоко нарушени, бидејќи со ниту една постапка не е утврдено дека сум сторил ниту лесна, ниту тешка дисциплинска повреда, а тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење по предлогот на Владата, како уставно и законски надлежен орган задолжен да ја штити независноста на јавното обвинителство. Оттука, самата постапка за мое разрешување е правно неиздржана“, рече Коцевски.

Владата до Собранието пред неколку дена достави предлог за разрешување на државниот јавен обвинител во којшто се посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради- направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното обвинителство; неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со Закон; нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир