Повторени избори во четири македонски општини на 11 јануари, а во Советот за безбедност на ОН е изгласана резолуција за Газа
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 18 ноември
На 11 јануари повторени избори во четири македонски општини
Спикерот на македонското собрание Африм Гаши го потпиша актот за распишување на повторените избори во четири општини кои не го постигнаа цензусот на локалните избори. На 11 јануари повторно ќе се гласа во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар-Жупа.
Украина ќе купи 100 борбени авиони „Рафал” од Франција
Францускиот претседател Макрон го поздрави новиот договор со украинскиот колега Зеленски за набавка на 100 борбени авиони „Рафал“ од страна на Киев како „нов чекор“ во нивната билатерална соработка.
Ердоган: Продолжува хуманитарната помош за Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије продолжува со испораката на хуманитарна помош во Газа и покрај различните прекини предизвикани од Израел и предупреди дека регионалната безбедност е во опасност сè додека продолжува окупацијата на Палестина.
Трамп: Не исклучувам распоредување војници во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја исклучи можноста за испраќање војници во Венецуела, додавајќи дека „веројатно“ ќе разговара со претседателот Николас Мадуро, за да се реши состојбата со нарко картелите.
И за крај на денешниот блиц...
Палестина ја поздрави резолуцијата на ОН за Газа
Палестина го поздрави усвојувањето на резолуцијата подготвена од САД од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се предвидува формирање Одбор за мир и Меѓународни сили за стабилизација во Газа.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

