| Macedonian
Дневни блиц вести 26.11.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 26.11.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме четврток 26 ноември
 

Седлоски повеќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот. Тој замина како најлош селектор во историјата на македонската репрезентација. На десет одиграни натпревари, од кои три пријателски, репрезентацијата претрпе осум порази, а двапати ремизираше.

Маск ќе додели по 2 акции на секое дете во Америка од Спејс Екс

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Елон Маск, вети дека ќе му даде на секое дете во САД по две акции во неговата воздухопловна компанија, една од „Спејс Екс“, а друга од неговите лични средства. Засега овие акции се проценети на над 18 милијарди долари, но нема детали како ќе се спроведе преносот на сопственоста.

НБА ќе бара 10 милијарди долари инвестиции за арени во Европа

(НБА) соопшти вдека планира да помогне во мобилизирањето на најмалку 10 милијарди долари за реновирање и изградба на арени за кошарка во Европа како дел од планот за проширување на лигата со помош на ФИБА од следната година. Веќе активно се работи и на потрага по инвеститори кои ќе формираат нови тимови или ќе преземат постоечки клубови за НБА Европа франшизата. 

ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31

Земјите производители на нафта и гас дејствуваа „добронамерно“ на разговорите за климата на Самитот КОП31 и не треба да бидат обвинети за неуспехот, изјави генералниот секретар на ОПЕК, Хајтам ал-Гаис. Според него Европската Унија има вина заради несогласувањата околу дефинирањето на фосилните горива. 

И за крај на денешниот блиц…

Ликуд на Нетанјаху ги оспори резултати на 120 избирачки места

Ликуд на Бенјамин Нетанјаху, официјално ги оспори изборните резултати, барајќи повторување на гласањето на 120 избирачки места. Приговорите се однесуваат пред се во арапските средини, за начинот на кој биле евидентирани гласачите, но противниците велат дека станува обид за делегимирање на изборниот исход. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 27.11.2026
Дневни блиц вести 23.11.2026
Дневен блиц за 20.11.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес