Трамп рече дека „победата е на дофат“ во Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека победата над Иран е „на дофат“, нагласувајќи дека неговата администрација му дава на Техеран можност да постигне договор и да спречи натамошни човечки жртви.
Мерц најави предвремен крај на самитот на ЕУ за буџетот
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека вонредниот самит на ЕУ посветен на следниот долгорочен буџет завршил предвреме, бидејќи ставовите на лидерите остануваат значително спротивставени. земјите-членки ќе работат на постигнување договор до крајот на годината.
Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок за европска интеграција во Тирана, во рамки на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан. Министерот нагласи дека придобивките од интеграцијата веќе се мерливи.
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво до март 2027 година
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво, вклучително и продажбата преку берзанско тргување, до 31 март 2027 година. Ограничувањето стапува на сила на 1 декември и има цел да ја одржи стабилноста на домашниот пазар на горива во услови на засилени украински напади врз рафинериите за нафта.
И за крај на денешниот блиц…
Француската новинска агенција „Франс прес“ погодена од кибернапад
Меѓународната новинска агенција „Франс прес“ (АФП), со седиште во Париз, ја исклучи својата платформа „АФП Форум“ за пристап до содржини на клиентите, по извршен кибернапад, соопшти раководството. Се утврдува кој стои зад нападот и кои се мотивите.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
