Свесно или не македонскиот јазик постојано се менува, а сега најголемото влијание не е од странските содржини, туку од „домашните“, односно медиумски содржини кои се целосно креирани со чет-ботовите на вештачка интелигенција.
Овие јазични модели не го „разбираат“ македонскиот јазик бидејќи не се тренирани на македонски содржини, туку „размислуваат“ пред се на англискиот јазик.
Исто така многу е важно какви извори користат, и од ограничената дигитална база на македонскиот јазик ги изведуваат најчестите фрази, изрази и заклучоци.
Затоа одредени стилови на изразување се лесно забележливи, но тие стануваат новата норма на македонскиот јазик бидејќи се широко распространети низ медиумите.
Според експертите, јазикот и натаму ќе се менува и еволуира, но мора да постои државна стратегија преку засегнатите институции за креирање содржини на македонски јазик кои ќе бидат точни и ќе се намалат непотребните халуцинации на јазичните ВИ модели и секако ќе бидат креирани со учество на човечки фактор.
