РЕГИОН
2 мин читање
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
„За нашата војска, во текот на четиригодишниот нареден мандат, ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме меѓународната билатерална и мултилатерална соработка со земјите членки на НАТО.“
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија / AA
8 септември 2025

Техничкиот премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека неговата земја планира да произведува сопствени дронови, како и да создаде заедничка воена единица со Албанија.

Курти, на состанокот на Движењето Самоопределување, на којшто говореше за неговиот следен мандат, рече дека ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за Безбедносните сили на Косово и најави развој на воени дронови произведени во Косово.

„За нашата војска, во текот на четиригодишниот нареден мандат, ќе издвоиме буџет од над една милијарда евра. Ќе ја продлабочиме и прошириме меѓународната билатерална и мултилатерална соработка со земјите членки на НАТО. Ќе ја ставиме во функција фабриката за муниција и ќе ја развиваме косовската воена индустрија“, изјави Курти.

Тој додаде дека зајакнувањето на армијата ќе се постигне преку набавка на оружје, обука и образование во рамки на Косово.

„Ќе создадеме заедничка воена единица со Вооружените сили на Република Албанија. Регрутирањето на нови кадети ќе продолжи со забрзано темпо. Нашата цел е во рамки на новиот мандат да имаме 1.000 жени во војската. Ќе се спроведе сеопфатна програма за заштита низ целата земја. Во рамки на оваа програма, секој доброволен резервист ќе има соодветна обука и вооружување во случај на мобилизација“, рече Курти.

Во меѓувреме, Косово потпиша декларација за воена соработка со Албанија и Хрватска на 18 март и започна работа за заедничка набавка на оружје.

Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија
Пленковиќ: Тврдењата дека Хрватска сака граѓанска војна во Србија се смешни