Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека Бугарија продолжува да дава силна поддршка на европскиот пат на Црна Гора, но дека нивна обврска е да ги забрзаат реформите, да ги исполнат преземените задачи и да станат полноправна членка на Европската Унија (ЕУ) до 2028 година.
Тој разговараше со премиерот на Република Бугарија, Росен Жељазков, за зајакнување на политичките и економските односи меѓу двете земји, напиша на X.
„Како членка на ЕУ и сојузник во НАТО, Бугарија продолжува да дава силна поддршка на европскиот пат на Црна Гора“, рече Милатовиќ, наведувајќи дека обврска на Црна Гора е да ги забрза реформите, да ги исполни преземените задачи и да стане полноправна членка на ЕУ до 2028 година.
„Особено ја истакнавме соработката меѓу двете земји во истражувањето на Антарктикот, започната на моја иницијатива, што им овозможува на црногорските истражувачи да бидат дел од меѓународни експедиции за проучување на климатските промени и антарктичките екосистеми“, рече тој, додавајќи дека ова е само една од многуте области во кои Бугарија е силен партнер.
Црна Гора аплицираше за членство во ЕУ во декември 2008 година, а статус на земја-кандидат доби во декември 2010 година. Преговорите за пристапување меѓу Црна Гора и ЕУ започнаа во јуни 2012 година.