РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Изминативе децении се соочивме со внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право, рече претседателката по повод 8 Септември
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Не се откажав и нема кој да се откаже од македонските национални интереси, мора да продолжиме да се бориме за нив дома и надвор, вели претседателката / Others
8 септември 2025

Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова во честитката по повод 8 Септември- Денот на независноста.

„На 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните! Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!“, рече Силјановска Давкова.

Според неа, изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.

„Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит. Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми“, рече претседателката.

Таа истакнува дека младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.

„Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно. Само во европски амбиент се креира европска иднина! На крајот, не сум се откажала и никогаш нема да се откажам од македонските национални интереси. Мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив дома и надвор, во европските и меѓународни институции, на правен и политички, демократски начин, потсетувајќи се и повикувајќи се на националното и меѓународното право, на 8 Септември. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!“.

Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија
Пленковиќ: Тврдењата дека Хрватска сака граѓанска војна во Србија се смешни