РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
Владата останува посветена да вложува во луѓето, во семејствата, во секое ново дете што ќе се роди, тоа е суштината на нашата мисија-да обезбедиме татковината да ја има и утре и во генерациите што доаѓаат, рече Мицкоски на свечената академија
Мицкоски: Наш приоритет се европските интеграции, но патот треба да биде достоинствен
8 септември не е само симболичен датум, туку е и историска пресвртница за нашиот народ, времето кога се крена јарболот за независност, рече премиерот / AA
8 септември 2025

По повод Денот на независноста на Северна Македонија, 8 Септември, под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ во Скопје се одржа свечена академија, јавува Анадолу.

На академијата свое обраќање имаше и претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој истакна дека 8 Септември е момент на историска пресвртница на народот на земјата, момент на кревање на јарболот на независност.

„8 Септември не е само симболичен датум, туку момент на историска пресвртница за нашиот народ, за граѓаните, време кога се крена јарболот на независност, еден столетен, пркосен оган од многу борби, откажувања, човечки страдања, херојства, битки и порази, стана реалност. 8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ“, истакна Мицкоски.

Тој порача дека врвен приоритет се европските интеграции, но дека патот треба да биде достоинствен.

„Наш приоритет се европските интеграции. Биле, се и ќе останат врвен приоритет, но тој пат не смее повеќе да биде срамен, треба да биде достоинствен. Треба да биде пат во кој што ќе бидеме рамноправни со сите останати европски народи, а не понижени и засрамени како што за жал сите од нас се чувствуваме“, рече тој.

Мицкоски упати порака за обединување со цел да се направи вистинскиот избор, порачувајќи дека независноста е жртва, борба и љубов кон земјата.

„Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. Да се обединиме да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднината што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја. Тоа е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации. Да се обединиме!“, порача премиерот во своето обраќање.

Тој истакна дека затоа, денес мора да донесеме одлука: да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ја вратиме надежта, радоста и детската насмевка во секој дом.

„Но истовремено мора да внесеме и надеж. Владата ова прашање го гледа како прашање на иднината на нацијата и затоа го поставува како еден од највисоките национални приоритети. Затоа Владата останува посветена да вложува во луѓето, во семејствата, во секое ново дете што ќе се роди. Тоа е суштината на нашата мисија-да обезбедиме татковината да ја има и утре, и задутре и во генерациите што доаѓаат“, рече Мицкоски.

Денес, Северна Македонија ја одбележува 34-годишнината од својата независност. На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, граѓаните гласаа за независност на земјата.


Повеќе
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Грлиќ Радман во посета на Сирија: Хрватска е подготвена да отвори амбасада во Дамаск
Вучиќ: Косово и воените сојузи во регионот се поголем проблем за Србија од опозицијата
Милановиќ до Пленковиќ: Кој и зошто го покани и се сретна со израелскиот министер Саар во Загреб?
Виш јавен обвинител обвинет за психичко малтретирање на колешки
Хрватска: Демонстранти му рекоа на израелскиот министер Саар дека не е добредојден во Загреб
Џеки Чен станува амбасадор на ЕКСПО 2027 во Белград
Милатовиќ-Жељазков: Бугарија цврсто го поддржува европскиот пат на Црна Гора во ЕУ
Србија изразува загриженост во врска со договорот за одбрана меѓу Хрватска и Словенија
Курти: Косово планира производство на дронови и создавање заедничка единица со Албанија
Рама: Имаме најголеми стратешки интереси и обврска да бидеме најрешителни промотори на мирот
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила сè уште водиме битка за рамноправна, европска држава
Република Северна Македонија ja слави 34-годишнината од независноста
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија
Пленковиќ: Тврдењата дека Хрватска сака граѓанска војна во Србија се смешни