| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
Пораката на Мајка Тереза останува значајна и денес, потсетувајќи нè дека хуманизмот е јазик што сите можеме да го разбереме, додека етничките, верските и културните разлики треба да бидат извор на разбирање и почит, рече вицепремиерот Сали
Со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
Сали во своето обраќање ја истакна важноста на наследството на Мајка Тереза и нејзината универзална порака за хуманизам, љубов и солидарност

Со централна манифестација во Музејот на современата уметност во Скопје беше одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза-Гонџа Бојаџиу, една од најпознатите и најпочитуваните личности на светскиот хуманизам.

На манифестацијата присуствуваа највисоки државни претставници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, премиерот на Република Косово, Албин Курти, како и Изет Меџити и Билал Касами.

Во своето обраќање, Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, ја истакна важноста на наследството на Мајка Тереза и нејзината универзална порака за хуманизам, љубов и солидарност.

„Мајка Тереза не го изгради своето дело со големи зборови, туку со конкретни чекори: со подадена рака кон оној на кој му била потребна помош, со грижа за болниот, со храна за гладниот и со засолниште за бездомникот.“

Сали истакна дека пораката на Мајка Тереза останува значајна и денес, потсетувајќи нè дека хуманизмот е јазик што сите можеме да го разбереме, додека етничките, верските и културните разлики треба да бидат извор на разбирање и почит.

Во рамки на манифестацијата беше промовирана книгата „Мисионерскиот пат на Гонџа Бојаџиу кон универзалната Мајка Тереза“, од авторите Алберт Рамај и Скендер Асани, како и беше отворена документарна изложба посветена на животот и делото на Мајка Тереза.

Мисијата на Мајка Тереза – љубовта, служењето и грижата за другиот – останува универзална вредност и инспирација за нашето заедничко дејствување.

Повеќе
Меѓународниот кривичен суд остро ги отфрла американските санкции
„Пак би го избрал истото“: Шеесетгодишниот пат на еден турски книговезец
САД воведоа санкции врз Меѓународниот кривичен суд и се заканија дека ќе го укинат
ЕУ и Кина на крстопат: Планот за построг пристап до европскиот пазар закана за нова трговска војна
Палестинските деца излегуваат од израелските затвори, но затворот не ги напушта нив
Од кројач и механичар до самоук изработувач на музички инструменти
Искривената логика на Израел: Ништо не го оправдува 7 октомври, но 7 октомври оправдува сè
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Иран: Танкер за гас погоден при минувањето низ Ормускиот Теснец по нелегална рута
Путин, Пезешкијан и Алиев во Туркменистан разговараа за трилатералната соработка
ОН: Речиси 50.000 жени и девојчиња се убиени или тешко повредени во Газа од октомври 2023 година
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Турскиот борбен дрон Акинчи ја погоди целта при првиот тест со домашен систем за наведување
ТРСК ја критикува ЕУ за одржување на неправедниот статус кво за изолацијата на кипарските Турци