| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
КФОР: Нема докази дека СПЦ шверцувала оружје од Србија во Косово
Наводното нелегално присуство на оружје беше пријавено во штабот на КФОР, но по понатамошната истрага за потврда за тоа, не се појавија докази за она што е пријавено, се вели во соопштението
КФОР: Нема докази дека СПЦ шверцувала оружје од Србија во Косово
Реакцијата на КФОР следува по обвинувањата на британската пратеничка Кернс / Photo: AA / AA

КФОР реагираше по обвинувањата што ги изнесе британската пратеничка и претседателка на Одборот за надворешна политика, Алиса Кернс, дека Српската православна црква (СПЦ) учествувала во шверц на оружје од Србија во Косово и дека КФОР имал сознанија за тоа.

Од КФОР соопштија дека настанот што го споменува британската пратеничка се однесува на 2022 година, кога на северот на Косово беше ангажиран Кралскиот фусилиски баталјон за поддршка на мисијата на КФОР.

„Наводното нелегално присуство на оружје беше пријавено во штабот на КФОР, но по понатамошната истрага за потврда за тоа, не се појавија докази за она што е пријавено. Не постојат докази ни за наводниот шверц што бил вршен преку административната гранична линија меѓу Косово и Србија до православните цркви со амбулантни возила“, се наведува во соопштението.

Исто така, се истакнува дека овој вид активности припаѓаат на владеењето на правото, и дека тоа е во надлежност на косовските безбедносни организации.

Реакцијата на КФОР доаѓа откако Рашко-Призренската епархија на Српската православна црква побара КФОР да ги провери наводите на британската пратеничка Кернс. Кернс во обраќање на седница на Парламентот на Велика Британија изјави дека оружје од Србија се шверцува со амбулантни возила, а потоа се истоварува во православните цркви во Косово.

„Рашко-Призренската епархија на Српската православна црква преку своето делување и изјавите во последните 30 години, пред и по вооружениот конфликт во Косово, беше и останува многу јасно против секое насилство, бидејќи тоа е спротивно на основните евангелски принципи и мисијата на Црквата. Затоа и сега сака да постапи со целосна сериозност и одговорност“, се наведува во соопштението.

Епархијата истакнува дека ова е многу опасно обвинение со кое се криминализира Српската православна црква и кое одредени приштински медиуми веќе го користат со цел ширење на верска и етничка омраза, што директно го загрозува српското свештенство, монаштвото и верските објекти.

„Доколку овие тврдења се покажат како вистинити, црковните лица за кои ќе се докаже дека евентуално се вмешани во злоупотреба на објектите на СПЦ и црковната служба за наводно пренесување или складирање оружје, ќе ги сносат најстрогите црковни казни и нема да можат да ја продолжат својата јавна служба“, се наведува во соопштението на Епархијата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Протести пред македонската Влада поради зголемениот број фемициди со конкретни барања
ЕУ и Велика Британија договорија подлабока безбедносна соработка
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“