| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Песков: Одлуката на Франција да ја снабди Украина со ракети е грешка
„Останува да се разјасни и да се открие точно за кој радиус станува збор. Ова, од наша гледна точка, е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна. Бидејќи, нормално, ова ќе нѐ принуди да преземеме контрамерки“,  истакна Песков.
Песков: Одлуката на Франција да ја снабди Украина со ракети е грешка
Ваквите потези според Песков ќе го сменат текот на специјалната воена операција / Photo: AA / AA

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска изјави дека одлуката на Франција да испрати ракети со долг дострел во Украина е погрешна и дека ќе следуваат контрамерки за да се намалат ризиците.

„Се разбира, останува да се разјасни и да се открие точно за кој радиус станува збор. Ова, од наша гледна точка, е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна. Бидејќи, нормално, ова ќе нѐ принуди да преземеме контрамерки“, изјави Песков на брифинг со новинарите во Москва.

Тој додаде дека снабдувањето на Западот со ново оружје за Украина „само ја влошува нејзината судбина.

„Овие одлуки не може да го свртат текот на специјалната воена операција. Тие можат само да ја влошат судбината на украинскиот режим во Киев“, рече тој.

Претходно на маргините на тековниот Самит на НАТО во Вилнус, Литванија, францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе ѝ достави на Украина ракети со долг дострел.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина
Ердоган повикува на поголема одговорност и зелени инвестиции за справување со климатската криза
Путин во Москва и американски претставници се сретнаа во Москва