| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лавров: Ќе се вратиме на договорот кога ќе бидат исполнети нашите услови
И покрај иницијативите на западните земји, кои предизвикуваат сомнежи, ние ја цениме надворешната политика на Туркије, рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров
Лавров: Ќе се вратиме на договорот кога ќе бидат исполнети нашите услови
Рускиот министер рече дека со Фидан разговарале и за предлогот на Москва на Туркије да ѝ се испорачува до милион тони руско жито по намалена цена. / Photo: AA / AA
1 септември 2023

Русија денес соопшти дека е подготвена да ги зголеми своите испораки на гас за Туркије и да ги имплементира договорите меѓу двете земји за воспоставување на центар за дистрибуција, известува Анадолу.

„Од наша страна, повторно ја потврдивме приврзеноста на Русија кон сите договори за зголемување на извозот на природен гас, вклучувајќи и спроведување на иницијативата на шефовите на нашите држави за создавање на единствен гасен центар во Туркије“, рече рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров за време на конференцијата за новинари организирана заедно со неговиот турски колега, Хакан Фидан, во Москва.

Лавров во своето обраќање истакна:

„И покрај иницијативите на западните земји, кои предизвикуваат сомнежи, ние ја цениме надворешната политика на Туркије“.

Рускиот министер рече дека со Фидан разговарале и за предлогот на Москва на Туркије да ѝ се испорачува до милион тони руско жито по намалена цена.

„За ова прашање се разговара со учество на нашите пријатели од Катар, кои се подготвени да учествуваат во финансиските аспекти на ова иницијатива“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека со турскиот колега разговарале и за ситуацијата во Украина и ја објаснил невозможноста за спроведување на мировната формула предложена од страна на претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Формулата на Зеленски, која се состои од 10 предуслови, беше презентирана на последниот самит на Г-20 во Индонезија. Таа се фокусира и на прашањата како што се нуклеарна безбедност и безбедност на храната и енергијата.

Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви