| Macedonian
Астронаутите на НАСА Спејс Икс Екипаж- 6 безбедно се вратија на Земјата
Астронаутите на НАСА, Стивен Бовен и Вуди Хобург, како и астронаутот од ОАЕ, Султан Алнејади и космонаутот на Роскосмос, Андреј Федјаев  безбедно слетаа на Земјата со вселенско летало Спејс Икс Драгон во близина на брегот на Џексонвил, Флорида
Астронаутите на НАСА Спејс Икс Екипаж- 6 безбедно се вратија на Земјата
Екипажот, кој помина речиси 127 милиони километри за време на нивната мисија, заврши „стотици научни експерименти за доброто на целото човештво / Photo: AA / AA
4 септември 2023

Четворица астронаути, кои поминаа шест месеци на Меѓународната вселенска станица, безбедно слетаа на Земјата со вселенско летало Спејс Икс Драгон во близина на брегот на Џексонвил, Флорида.

„Астронаутите на НАСА, Стивен Бовен и Вуди Хобург, како и астронаутот од Обединети Арапски Емирати, Султан Алнејади и космонаутот на Роскосмос, Андреј Федјаев, се вратија на Земјата во 12:17 часот по средноевропско време“, се вели во соопштението на НАСА.

Aстронаутите беа членови на мисијата Екипаж-6 што ја водеа заеднички НАСА и Спејс Икс.

„Тимовите на бродовите за извлекување на Спејс Икс го извлекоа леталото и неговиот екипаж. По враќањето на брегот, екипажот ќе лета до вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон“, се вели во соопштението.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, рече дека екипажот, кој помина речиси 127 милиони километри за време на нивната мисија, заврши „стотици научни експерименти за доброто на целото човештво“.

Повеќе
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни
Иранската револуционерна гарда тврди дека ги нападнала американските бази во Јордан, Бахреин и Ирак
Вучиќ: Србија се подготвува за можен напад од страна на алијансата Хрватска-Албанија-Косово
Француски војник загина, неколку се ранети во напад со дрон врз воена база во северен Ирак
Американски воен авион се урна во западен Ирак
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП
Хамнеи за првпат се обрати на јавноста: Храбрите воини на Иран ја спречија предноста на непријателот
МАТТО организираше ифтарска програма во Скопје
Фидан: Анкара е целосно против секаков план за предизвикување граѓанска војна во Иран