| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Русија: Предлозите на ОН за обнова на Договорот за жито не се нови
Русија во јули го суспендираше учеството во Договорот за жито,  договорен со посредство на Туркије и ОН за да продолжи извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море, кој беше запрен кога почна војната во Украина во февруари 2022 година
Русија: Предлозите на ОН за обнова на Договорот за жито не се нови
Москва се пожали дека Западот не ги исполнил своите обврски во врска со рускиот извоз на жито и дека не се испорачува доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно / Others
6 септември 2023

Додека продолжуваат напорите за обновување на Црноморската иницијатива за жито, Русија денес објави дека новите предлози на Обединетите нации (ОН) за Договорот „не се нови“ и не можат да го нормализираат нејзиниот земјоделски извоз.

Министерството за надворешни работи на својата веб-страница соопшти дека наместо изземање од санкции, Русија добила „нов дел од ветувањата“ од Секретаријатот на ОН.

Русија на 17 јули го суспендираше учеството во Договорот за жито преку Црно Море, со посредство на Туркије и ОН, за да продолжи извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море, кој беше запрен по војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

Москва се пожали дека Западот не ги исполнил своите обврски во врска со рускиот извоз на жито и дека не се испорачува доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно.

Министерството соопшти дека предлогот на ОН за поврзување со SWIFT, подружница на Руската земјоделска банка, ќе пропадне, а само повторното поврзување на самата банка ќе го реши проблемот со плаќањето.

„Создавањето специјална платформа за осигурување на руските земјоделски производи ни е ветено од август 2022 година, но од непознати причини досега не е направено тоа“, се вели во соопштението.

Се додава дека тоа важи и за пристапот на руски бродови и товар до странски пристаништа, а членките на ОН не можеа да се справат со санкциите.

Се додава дека работата во рамките на Меморандумот меѓу Русија и ОН за извоз на земјоделски производи е прекината, а нејзината координаторка Ребека Гринспан не ја прифатила поканата да ја посети Русија од јули. Како што е наведено, ОН престанаа да праќаат извештаи за напредокот на нормализацијата на рускиот земјоделски извоз.

„Ќе бидеме подготвени да ја разгледаме можноста за заживување на Црноморската иницијатива за жито, но само откако ќе бидат целосно исполнети условите за укинување на санкциите“, се нагласува во соопштението.

Се додава дека во меѓувреме Русија ќе продолжи да извезува домашна храна и ѓубрива, што ќе помогне да се стабилизираат светските цени и да се подобри нивната севкупна достапност, како и донациите за земјите на кои им се потребни.

Руско ѓубриво веќе е пратено во Малави и Кенија (34.000 тони), а планирани се испораки за Зимбабве, Нигерија и Шри Ланка. Најавено е и дека 200.000 тони руска пченица бесплатно ќе бидат пратени во Буркина Фасо, Централноафриканската Република, Еритреја, Мали, Сомалија и Зимбабве.

Нагласена е и важноста на заедничкиот проект на Русија, Туркије и Катар за испорака на еден милион тони жито од Русија за преработка во Туркије со дополнителна донација за најсиромашните земји.

Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви