| Macedonian
Јапонија успешно лансира лунарен лендер
Лунарниот лендер е развиен од Јапонија за да ја тестира технологијата за прецизно слетување на површината на Месечината, а рендгенскиот астрономски сателит треба да ја набљудува плазмата во ѕвездите и галаксиите
Јапонија успешно лансира лунарен лендер
Јапонија имаше неколку доцнења, прво поради технички дефект, а подоцна и поради временските услови / Photo: AA / AA
7 септември 2023

По неколку одложувања денес јапонскиот лунарен лендер беше успешно лансиран во вселената, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA).

Мицубиши хеви индустрис соопшти дека летот на ракетата H2A поминал номинално со специјалниот паметен лендер за истражување на Месечината (SLIM) и сателитот XRISM.

Ракетата е лансирана од Вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија во првото големо лансирање од своја територија од март оваа година.

Лунарниот лендер е развиен од Јапонија за да ја тестира технологијата за прецизно слетување на површината на Месечината, а рендгенскиот астрономски сателит треба да ја набљудува плазмата во ѕвездите и галаксиите.

Можеби ќе бидат потребни од три до четири месеци лендерот да влезе во орбитата на Месечината.

Доколку биде успешно, Јапонија ќе им се придружи на поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина и Индија во слетувањето вселенско летало на Месечината.

Ова беше 41. успешно лансирање на ракетата H2A по ред од 2005 година.

Јапонија имаше неколку доцнења, прво поради технички дефект, а подоцна и поради временските услови.

Повеќе
Тројца загинати во израелски воздушен напад во јужен Либан
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги
Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше потврда дека имаме пријатели
Ирска ја исклучува можноста за приклучување кон мисијата за повторно отворање на Ормускиот теснец
Кина ќе им понуди итна хуманитарна покмош на Иран, Јордан, Либан и Ирак
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон
Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Трамп верува дека Израел нема да употреби нуклеарно оружје против Иран
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар