Храната во светски рамки најевтина на берзите откако почнаа кризите
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Храната во светски рамки најевтина на берзите откако почнаа кризитеСпоред информациите на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), индексот за цени на храната во август паднал за 2.1% на месечно ниво споредено со јули годинава, и е за 24% понизок во однос на март 2022 година кога се искачи на рекордно ниво
Индексот на цени на храна на ФАО е најнизок откако почнаа кризите/ Фото: AP / Photo: AFP / AFP
12 септември 2023

Индексот за цени на храната е најнизок откако започнаа кризите во изминатите години, поврзани со ограничувањата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, прекинот во синџирите на производство и транспорт, како и од неодамнешните последици по воената инвазија врз Украина од страна на Русија.

Според информациите со кои располага Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), индексот за цени на храната во август паднал за 2.1% на месечно ниво споредено со јули годинава, и е за 24% понизок во однос на март 2022 година кога се искачи на рекордно ниво со 143 поени.

Сепак, иако храната на светските берзи бележи речиси постојан пад во изминатата година и натаму инфлаторниот притисок е силен и цените во малпродажбата не се намалуваат. Штом за одреден производ се помине психолошката граница за неговата вредност, потоа многу тешко е цените да се вратат на претходните нивоа.

Во однос на поединечни прехрамбени состојки единствено шеќерот и оризот ги одржуваат претходните високи цени, додека пак има кај млечните производи, останатите житарици, месото и маслото за јадење.

Падот на цените се должи на зголемената понуда на земјоделски производи. Индексот на ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на земјоделски стоки кои се тргуваат на берзите и според кој вредноста на индекост во август годинава е намалена до 121.4 поени.

Во формирањето на цените на светските берзи големо влијание има протокот на стоки од големите производители, кои во текот на кризите го ограничуваа извозот на домашните производи.

Недостиг на глобалната понуда што ги подигна цените, покрај влијанието на енергетската криза, предизвикаа и проблемите со испорака на ѓубрива и житарки од Украина.

Туркије со посредство на Обединетите Нации учествуваше во носење и спроведување на првиот договор за извоз на житарки од Украина, и води дипломатски напори со вклучените страни договорот да се обнови за да се олесни транспортот на жито преку Црното Море.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи
Израелската армија започна бран „обемни“ воздушни напади врз Техеран
Каја Калас предупредува дека дезинформациите ги загрозуваат демократиите
Европската комисија ги укина финансиските мерки против Косово
Нафтените деривати повторно поскапуваат
Тројца загинати во израелски воздушен напад во јужен Либан
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги
Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше потврда дека имаме пријатели
Ирска ја исклучува можноста за приклучување кон мисијата за повторно отворање на Ормускиот теснец
Кина ќе им понуди итна хуманитарна покмош на Иран, Јордан, Либан и Ирак
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон