| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Бугарија протера тројца претставници на Руската православна црква
Бугарската државна агенција за национална безбедност соопшти дека трите лица вршеле активности против националната безбедност и интересите на Бугарија
Бугарија протера тројца претставници на Руската православна црква
Бугарската државна агенција за национална безбедност соопшти дека трите лица вршеле активности против националната безбедност и интересите на Бугарија / Photo: AA / AA
22 септември 2023

Бугарија вчера го протера Васијан Змеев, претставник на Руската православна црква во Бугарија, и двајца негови колеги, кои исто така се белоруски државјани.

Бугарската државна агенција за национална безбедност објави соопштение во кое се вели дека трите лица вршеле активности против националната безбедност и интересите на Бугарија.

„Добиени се информации за постапките на овие лица во врска со спроведувањето на различни елементи од хибридната стратегија на Руската Федерација со цел намерно влијание врз општествено-политичките процеси во Република Бугарија во корист на руските геополитички интереси“, се наведува во соопштението.

Укинати им се нивните дозволи за престој и им е забранет влез во земјата во времетраење од пет години.

Белорусија се смета за еден од главните сојузници на Русија, особено во услови на тековната војната во Украина, што трае скоро 19 месеци.

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, го осуди потегот и рече дека тројцата свештени лица биле депортирани со ставање во возило во кое се превезувале шверцери.

„Ова е практика без преседан. Црквата е одвоена од државата. Како може свештенството да ја загрози националната безбедност? Невозможно е да се разбере. Тие буквално ни плукнаа в лице“, рече таа.

Змеев пет години беше претставник на Руската православна црква во главниот град Софија. Минатата година рускиот патријарх Кирил ја додаде Северна Македонија во областа на одговорност на Змеев.

Минатата недела, Северна Македонија ги прогласи Змеев и тројца руски дипломати кои работат во Руската амбасада во Скопје за персона нон грата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Чистката на Кси на врвните кинески генерали и борбата за контрола
ЕУ го објави дваесеттиот пакет санкции против Русија
Зошто Иран се потпира на својата доктрина за војување со роење додека се наѕира конфликт со САД
Ердоган: Земјотресите во 2023 година во Туркије предизвикаа штета од околу 250 милијарди долари
Лавров: Не сакаме НАТО да биде вклучен во безбедноста на целиот Евроазиски континент
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија за завршување на војната во Украина
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
OН: Вооружени израелски доселеници протерале 900 Палестинци од Западниот Брег од јануари
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Трамп покрена онлајн продавница за лекови со попуст: Луѓето ќе штедат пари и ќе бидат здрави
Иран ја претстави најнапредната балистичка ракета во својот арсенал
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот