| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Курти: Во Бањска се наоѓаат околу 30 тешко вооружени лица
По заседавањето на Советот за безбедност на Косово поради убиството на косовскиот полицаец Африм Буњаку на северот на земјата, премиерот Курти изјави дека нападите врз косовската полиција и понатаму траат
Курти: Во Бањска се наоѓаат околу 30 тешко вооружени лица
Курти: Во Бањска се наоѓаат околу 30 тешко вооружени лица / Photo: AA / AA
24 септември 2023

Косовскиот премиер Албин Курти по убиството на косовски полицаец изјави дека во селото Бањска, во општина Звечан на северот на Косово, моментално се наоѓаат повеќе од 30 тешко вооружени лица, кои дошле во Косово да војуваат.

По заседавањето на Советот за безбедност на Косово поради убиството на косовскиот полицаец Африм Буњаку на северот на земјата, премиерот Курти изјави дека нападите врз косовската полиција и понатаму траат.

„Има најмалку 30 тешко вооружени лица, професионални воени или полициски сили, кои се опколени од косовската полиција и кои ги повикувам да се предадат на нашите безбедносни власти. Тие продолжуваат да ја напаѓаат нашата полиција, откако го убија Африм Буњаку и го ранија Албан Рашити“, рече Курти.

На прес-конференцијата косовскиот премиер покажа неколку фотографии од селото Бањска, на кои, како што тврди, се наоѓаат лица кои не се вооружени цивили, ниту обични граѓани.

„Јасно е дека овие униформирани лица, кои ги има најмалку 30, иако на нивните униформи не се гледаат дистикнции и амблеми, претставуваат организирана формација која е дојдена да се бори во Косово. Ги повикува сите да им се предадат на косовските органи кои ги опколија во Бањска“, рече Курти.

Тој додаде дека овие вооружени организирани формации се наоѓаат во манастирот во Бањска и надвор од него, а освен нив на фотографиите се гледаат и возила без регистарски ознаки.

Косово: Епархијата соопшти дека маскирани лица упаднале во дворот на манастирот Бањска

Рашко-призненската епархија најостро го осуди најновиот панад кој се случи утрово на северот на Косово, во близина на Бањска, каде еден косовски полицаец е убиен.

„Тоа е сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се презеде се за да се сочува редот, мирот и поредокот. Епархијата најискрено изразува сочувство на членовите на семејството на загинатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранети што побрзо ќе се опорават“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Епархијата е многу загрижена бидејќи според најновите информации, група вооружени, маскриани лица, упадна со блиндирани возила во самиот манастрир, при што е пробиена манастрирската заклучена порта.

„Во моментов во манастирот има група верници од Нови Сад со свештеник игумен Данило и браќата од манастирот. Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и слушаат повремено пукање. Епархијата најостро го осудува отвореното насилство што се применува во верскиот објект на СПЦ, повикувајќи ги сите страни да прекинете го конфликтот што е можно поскоро“, се наведува во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви