| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
9.800 камиони со помош влегоа во Газа од почетокот на израелските напади
Помеѓу 21 октомври и 1 февруари речиси 7.000 камиони со помош влегле од граничниот премин Рафах и 2.884 камиони влегле од преминот Карем Абу Салем, се вели во соопштението на Палестинската Црвена полумесечина
9.800 камиони со помош влегоа во Газа од почетокот на израелските напади
Материјалите за помош беа дистрибуирани до Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Министерството за здравство, Министерството за социјални работи и болниците / Photo: AA / AA
5 февруари 2024

Малку повеќе од 9.800 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа, каде што Израел спроведува интензивни напади веќе четири месеци, се вели во соопштението на Палестинската Црвена полумесечина.

Помеѓу 21 октомври и 1 февруари речиси 7.000 камиони со помош влегле од граничниот премин Рафах и 2.884 камиони влегле од преминот Карем Абу Салем, се вели во соопштението.

Материјалите за помош, вклучително храна, вода, медицински материјали и лекови, беа дистрибуирани до Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Министерството за здравство, Министерството за социјални работи и болниците.

Бројот на камиони со помош што влегоа во Газа во овој период одговараше на приближно 95 камиони дневно, се вели во соопштението.

Пред израелските напади во Газа дневно влегуваа околу 600 камиони.

Израел започна смртоносна офанзива врз Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 27.365 Палестинци, а беа повредени 66.630, додека се верува дека речиси 1.200 лица загинале во Израел..

Според Обединетите нации, израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви