| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа загинаа 127 Палестинци
И покрај пресудата за привремени мерки на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, каде што од 7 октомври досега загинати се најмалку 27.365 Палестинци, главно жени и деца, а 66.630 се повредени
Во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа загинаа 127 Палестинци
Израелските сили вчера извршија 14 масакри врз семејства во Газа, а многу луѓе се наоѓаат под урнатините бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив / Photo: AA / AA
5 февруари 2024

Најмалку 127 Палестинци загинаа, а 178 се повредени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата.

„Израелската окупација (израелските сили) изврши 14 масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 127 загинати и 178 повредени во текот на изминатите 24 часа“, објави Министерството.

„Многу луѓе се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.

И покрај пресудата за привремени мерки на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, каде што според палестинските здравствени власти од 7 октомври досега загинати се најмалку 27.365 Палестинци, главно жени и деца, а 66.630 се повредени.

Израел започна жестока воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 Израелци.

Израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено, акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, според Обединетите нации.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни