| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Со медикоптер итно транспортиран пациент од Скопје до Виена
На првиот меѓународен лет за медицински транспорт во историјата на македонската држава со хеликоптер на МВР присуствуваа Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов
Со медикоптер итно транспортиран пациент од Скопје до Виена
Медикоптерот служи за итна медицинска помош на тешко достапни места, но и за итен транспорт на пациенти до други здравствени установи / Photo: МВР на РСМ
6 февруари 2024

Пациент од Скопје утрово со медицински хеликоптер беше транспортиран до Виена, Австрија што е прв меѓународен лет за медицински транспорт во историјата на македонската држава.

На летот присуствуваа Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов.

„Оваа наша хумана мисија не само што ја демонстрира кооперативноста на двете Министерства за внатрешни работи и Министерството за здравство кон подобрување на услугите за граѓаните, туку и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции”, истакна Бојамацалиев.

Притоа, тој појасни дека употребата на Медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош на тешко достапни места, но и на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи. Во оваа прилика Бојмацалиев упати честитки до вклучените во проектот.

„Упатувам честитки до нашите тимови за темелната подготовка и соработка помеѓу МВР и медицинскиот персонал од Градската Општа болница „8-ми Септември”, со што уште еднаш потврдуваме и ги засилуваме нашите капацитети како држава за брза реакција во итни медицински случаи. Дозволете во оваа прилика да изразам благодарност до сите учесници во овој успешен проект, особено до Владата на Република Словенија и словенечкото министерство за внатрешни работи кои во духот на нашето пријателство пред неколку месеци обезбедија дел од оваа значајна медицинска опрема”, рече Бојмацалиев, посакувајќи мирно небо и успешен транспорт.

Од страна на директорот на ГОБ „8ми Септември”, д-р Христијан Костов беше истакнато дека во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и МЗ, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи.

„После интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Заедно со МВР ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена. Пред се’ како здравствено лице и како директор на ГОБ 8ми Септември, упатувам честитки до сите тимови вклучени во проектот за темелната подготовка и соработката помеѓу МВР и медицинскиот персонал од нашата болница, со што уште еднаш потврдуваме и ги засилуваме нашите капацитети како држава за брза реакција во итни медицински случаи”, истакна директорот Костов.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви