| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Приведени 34 лица во врска со терористичкиот напад во Истанбул
Во терористичкиот напад што вчера се случи пред Палатата на правдата во Истанбул животот го загуби еден граѓанин, а шест лица беа повредени, меѓу кои и тројца полицајци, изјави министерот за правда Јилмаз Тунч
Приведени 34 лица во врска со терористичкиот напад во Истанбул
Полицијата ги неутрализираше двајцата терористи, маж и жена, членови на терористичката група ДХКП-Ц / Photo: AA / AA
7 февруари 2024

Министерот за правда на Туркије Јилмаз Тунч изјави дека се приведени 34 осомничени во врска со вчерашниот терористички напад на судската зграда во Истанбул, а истрагата продолжува под координација на пет јавни обвинители и заменик-главниот обвинител.

Тунч даде изјава за новинарите по увидот на местото на терористичкиот напад што се случи пред Палатата на правдата во Истанбул, во кој животот го загуби еден граѓанин, а шест лица беа повредени, меѓу кои и тројца полицајци.

Министерот објасни дека двајцата напаѓачи кои го извршиле инцидентот се обидувале да влезат во влезот Д на Палатата на правдата, а подоцна се обиделе да побегнат откако при контролата полицијата увиделе дека се терористи.

„Денеска нашата херојска полиција ги неутрализираше подмолните терористи“, рече Тунч, потсетувајќи дека претходно во истата институција беше убиен обвинителот Мехмет Селим Кираз.

Тој сподели информации за неутрализираните терористи.

„Неутрализираниот машки терорист беше осуден за членство во вооружена терористичка организација во 2004 година и беше осуден на 15 години затвор. Неутрализирана жена е некој чиј случај за членство во терористичка организација се води во Врховниот суд. Таа исто така беше затворена на четири години и два месеца“, изјави Тунч.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Тунч повтори дека тројцата повредени полицајци се во добра состојба и додаде: „Ренети се четворица наши државјани. Едно лице почина во болница. Другите тројца граѓани се во болница, нивното здравје е добро“.

Зборувајќи за апсењата на лица поврзани со терористите, Тунч додаде: „Досега се приведени 34 лица за кои се верува дека биле во контакт со терористи. Оние кои се поврзани со нив и кои имале улога во овој терористички чин, се разбира, ќе се открие во судската истрага“.

Извршителите на нападот на полицискиот контролен пункт пред зградата на судот се членови на терористичката група ДХКП-Ц, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни