| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Пред 40 години во Сараево беа отворени 14. Зимски олимписки игри
Во организацијата учествуваше цела Југославија, а игрите чинеa 141 милиони долари, но завршија со добивка од 12 милиони долари и тоа беше првата Олимпијада која заврши со профит, на сите претходни организаторите имаа проблеми да ги покријат трошоците
Пред 40 години во Сараево беа отворени 14. Зимски олимписки игри
Тоа беа првите игри каде што немаше бојкот на Северноатлантскиот или Варшавскиот пакт и беа рекордни по бројот на земји учеснички / Photo: AA / AA
8 февруари 2024

На денешен ден, пред 40 години, во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, беа отворени 14. Зимски олимписки игри.

Од 8 до 14 февруари 1984 година Сараево беше центар на светот, а во организацијата на Олимпијадата учествуваше цела поранешна Југославија.

Во изградбата на објектите беа вклучени компании од Босна и Херцеговина, како и од цела Југославија. Во исто време, секоја од РТВ компаниите од републиките на поранешна Југославија, од Љубљана до Скопје, имаше по една арена што ја покриваше.

Во тоа време Сараево доживеа развој во сите сфери и се создаде позитивна социјална клима.

Она по што ќе останат запаметени Олимписките игри во Сараево е снегот што падна ноќта пред свеченото отворање. Учениците од Првата и Втората гимназија потоа со раце го тргнаа снегот од столовите на стадионот Кошево, за отворањето да се одвива без проблеми.

Зимските олимписки игри што се одржаа во Сараево чинеa вкупно 141.647.000 долари, а завршиле со добивка од 12.000.000 долари. Тоа беа првите Олимписки игри кои завршија со вишок. Сите претходни беа во долгови и многу градови имаа потешкотии да ги покријат трошоците.

Игрите во Сараево беа, во многу аспекти, рекордни во тоа време. Тоа беа првите игри каде што немаше бојкот на Северноатлантскиот или Варшавскиот пакт и беа рекордни по бројот на земји учеснички.

Ги гледаа околу две и пол милијарди гледачи ширум светот, имаше 49 репрезентации, доделени се 222 медали, учествуваа 2.691 спортист и тренер, продадени беа 640.000 влезници, а ги следеа 7.825 новинари од 760 редакции.

Најуспешни земји тогаш беа Источна Германија (девет златни, девет сребрени и шест бронзени медали) и СССР (шест златни, десет сребрени и девет бронзени медали).

ИЗВОР:AA
Повеќе
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи
Израелската армија започна бран „обемни“ воздушни напади врз Техеран
Каја Калас предупредува дека дезинформациите ги загрозуваат демократиите
Европската комисија ги укина финансиските мерки против Косово
Нафтените деривати повторно поскапуваат
Тројца загинати во израелски воздушен напад во јужен Либан
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги
Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше потврда дека имаме пријатели
Ирска ја исклучува можноста за приклучување кон мисијата за повторно отворање на Ормускиот теснец
Кина ќе им понуди итна хуманитарна покмош на Иран, Јордан, Либан и Ирак
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон