| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Сиси: Египет отвора нова страница во односите со Туркије
Египетскиот претседател на прес – конференција во Каиро истакна дека Египет се обидува да ја зголеми трговијата со Туркије на 15 милијарди долари во следните пет години и истакна дека Туркије е една од најважните дестинации за египетскиот извоз.
Сиси: Египет отвора нова страница во односите со Туркије
Египетскиот лидер се согласува со турскиот претседател Ердоган дека е потребен итен прекин на огнот во Газа / Photo: AA / AA
14 февруари 2024

Египет за прв пат по една деценија отвора нова страница во односите со Туркије изјави денеска египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Каиро.

„Го поздравувам претседателот Реџеп Таип Ердоган на неговата прва посета на Египет по повеќе од 10 години која отвори нова страница меѓу нашите две земји за да ги збогатиме нашите билатерални односи и да ги ставиме на вистинскиот пат“, рече Сиси за време на заедничката прес-конференција со турскиот лидер.

Сиси рече дека Египет се обидува да ја зголеми својата трговија со Туркије на 15 милијарди долари во следните пет години.

Египетскиот лидер рече дека со нетрпение очекува да ја прифати поканата на претседателот Ердоган да ја посети Туркије во април за зајакнување на билатералните односи.

„Ја потврдувам нашата гордост и благодарност за нашите историски односи со Туркије и културното наследство што го споделуваме. Туркије е една од најважните дестинации за египетскиот извоз, а искуството ја докажа големата изводливост за заедничка работа меѓу деловните сектори на двете земји“, додаде тој.

Што се однесува до ситуацијата во Појасот Газа, Сиси ја поздрави соработката меѓу Египет и Туркије за брз пристап до најголемата количина хуманитарна помош за Палестинците во енклавата.

Египетскиот лидер рече дека се согласува со претседателот Ердоган за потребата од итен прекин на огнот во Газа, враќање на смиреноста на Западниот Брег и продолжување на мировните преговори за формирање палестинска држава.

Тој, исто така, ја подвлече потребата да се зајакнат египетско-турските консултации за да се помогне во одржувањето на претседателските и законодавните избори во Либија и да се обедини воената институција на земјата.

„Исто така, со задоволство го поздравувам моменталниот мир во регионот на Источниот Медитеран и со нетрпение очекувам да се надоградам на тоа за да се решат постоечките спорови меѓу земјите што граничат со регионот, за да можеме сите да соработуваме за да ги максимизираме придобивките од достапните природни ресурси. - изјави Сиси.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган: Земјотресите во 2023 година во Туркије предизвикаа штета од околу 250 милијарди долари
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Зеленски: Нашите територии се наши иако се привремено окупирани
Трамп: Иран не сака да го нападнеме
Русија и Украина разменија по 157 воени затвореници
Трамп одбива вмешување во преземањето на Warner Bros. Discovery
Рускиот амбасадор вели дека Москва ќе продолжи да испорачува нафта на Куба
Абдел Фатах ал – Сиси:Египет и Туркије се согласија да ги зголемат трговската размена и инвестициитe
ЕУ одобри заем за поддршка на Украина од 90 милијарди евра
Ердоган: Соработката со Египет придонесува за регионалната стабилност
Ердоган: Туркије и Египет работат заедно за постигнување мир во Газа и стабилност на Либија
Виртуелна средба Путин – Си Џинпинг
Синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам убиен во сопствената куќа
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа договор за инвестиции во енергетиката од две милијарди долари
Болат: Целта на Туркије и Саудиска Арабија е трговска размена од десет милијарди долари
Ердоган: Туркије и Саудиска Арабија ќе соработуваат за обнова на Сирија
Руте: Сојузничките сили ќе бидат распоредени во Украина веднаш по мировниот договор