| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Во Ротимље одбележани 20-години од загинувањето на претседателот Трајковски
На оддавањето почест на местото на падот на авионот присуствуваа заменик-министерот за безбедност на БиХ, Ивица Бошњак, а македонската делегација ја предводеа министерките Бисера Костадиновска-Стојчевска, Каја Шукова и пратеничката Санела Шкријељ
Во Ротимље одбележани 20-години од загинувањето на претседателот Трајковски
Прераното заминување на претседателот Трајковски е голема загуба не само за Македонија и БиХ, туку и за целиот регион, нагласи Бошњак / Photo: AA / AA
26 февруари 2024

Во присуство на високи делегации од Босна и Херцеговина и Северна Македонија, на ридот Матиќ кај селото Ротимље во близина на Мостар беше одбележана 20-годишнината од загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Во име на Советот на министри на Босна и Херцеговина, на оддавањето почест на местото на падот на авионот во кој се наоѓаше македонскиот претседател Трајковски и неговата делегација присуствуваа заменик-министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ивица Бошњак, а делегацијата на Владата и Собранието на Република Северна Македонија ја предводеа министерките Бисера Костадиновска-Стојчевска, Каја Шукова и пратеничката Санела Шкријељ.

Бошњак истакна дека и по 20 години од овој трагичен настан со голема почит се сеќаваат на нивниот голем пријател и жалат што го загубиле овој искрен поборник за подобар, стабилен и просперитетен регион, соопшти Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

„Прераното заминување на претседателот Трајковски е голема загуба не само за Македонија и Босна и Херцеговина, туку и за целиот регион. Босна и Херцеговина не ги заборава и нема да ги заборави своите пријатели, како што беше претседателот Трајковски“, нагласи Бошњак.

Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека Трајковски беше доблесен и храбар политичар, претседател со визија за иднината на државата.

„Ова место е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината – потенцираше министерката за култура, додавајќи дека денес нашата земја е членка на НАТО и на дофат и е членството во ЕУ.

Македонскиот претседател Борис Трајковски заедно со неговите соработници и членови на екипажот трагично загина во авионска несреќа при пристигнувањето на Меѓународната инвестициска конференција во Мостар во 2004 година.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“