| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије е подготвена пак да биде домаќин на преговорите Русија- Украина
Во видео пораката испратена до Самитот Украина- Југоисточна Европа во Тирана, Реџеп Таип Ердоган рече дека останува на својот став дека на дипломатијата и дијалогот треба да им се даде шанса за „фер и трајно решавање“ на војната во Украина
Туркије е подготвена пак да биде домаќин на преговорите Русија- Украина
Туркије во принцип ја поддржува мировната формула од 10 чекори на Зеленски, изјави турскиот претседател / Photo: AA / AA
28 февруари 2024

Туркије е подготвена повторно да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина, изјави во средата турскиот претседател.

Во видео пораката испратена до Самитот Украина- Југоисточна Европа, Реџеп Таип Ердоган рече дека останува на својот став дека на дипломатијата и дијалогот треба да им се даде шанса за „фер и трајно решавање“ на војната во Украина.

„Сметам дека треба да се започнат заеднички напори, барем за одредување општи параметри на мирот“, рече тој.

Претседателот рече дека Туркије „во принцип“ ја поддржува мировната формула од 10 чекори на украинскиот претседател Зеленски и е подготвена да придонесе за „брзо закрепнување и обнова“ на земјата разурната од војна.

Ердоган, исто така, ја подвлече потребата од регулативи за безбедност на морето во Црното Море и дека Анкара е во разговори за нова регулатива поддржана од ОН за безбедносните обврски.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни