| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Климатските промени ја зголемија веројатноста за пожарите во ЛА за 35%
Подолгите сушни услови, во комбинација со силните ветрови од Санта Ана, одиграле клучна улога во брзото ширење на пламените јазици, забележаа истражувачите
Климатските промени ја зголемија веројатноста за пожарите во ЛА за 35%
Климатските промени ја зголемија веројатноста за пожарите во ЛА за 35% / Photo: AA / AA

Климатските промени ја зголемија веројатноста за разорните шумски пожари во Лос Анџелес за 35 отсто, покажува студијата на „World Weather Attribution (WWA)“.

Истражувачите откриле дека порастот на глобалните температури од 1,3 Целзиусови степени од прединдустриската ера ги продолжиле сушните периоди, правејќи ја вегетацијата поподложна на запалување и интензивирајќи ги пожарите.

Подолгите сушни услови, во комбинација со силните ветрови од Санта Ана, одиграле клучна улога во брзото ширење на пламените јазици, забележаа истражувачите. Тие предупредија дека како што климата продолжува да се затоплува, екстремните шумски пожари како оној во американската сојузна држава Калифорнија би можеле да станат уште почести и поопасни.

Во пожарите, кои избувнаа на 7 јануари, загинаа 29 луѓе, а уништени се повеќе од 16.000 домови, опожарени над 37.000 хектари земја. Официјални претставници рекоа дека пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Според јавувањата на медиумите, економските загуби од катастрофата, која се смета за „една од најразорните во историјата на Лос Анџелес“, се проценува на над 250 милијарди долари.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина