| Macedonian
Кина и Бразил отвораат вселенска лабораторија за напредни истражувања
Лабораторијата ќе истражува најсовремени технологии, ќе ја унапредува меѓународната научна и технолошка соработка и ќе планира големи глобални истражувачки проекти, овозможувајќи иновации во науката и технологијата да го поддржат глобалниот развој
Кина и Бразил отвораат вселенска лабораторија за напредни истражувања
Кина и Бразил отвораат вселенска лабораторија за напредни истражувања / Reuters
11 декември 2025

Кина и Бразил создаваат лабораторија која ќе се фокусира на научните потреби за астрономско набљудување и истражување на длабоката вселена, соопшти државната корпорација „Кинеска технолошка групација за електроника“.

Компанијата го поздрави договорот меѓу Институтот за истражување на мрежни комуникации на кинеската корпорација со бразилскиот Федерален универзитет Кампина Гранде и Федералниот универзитет Параиба за создавање кинеско-бразилска лабораторија за радиоастрономска технологија, како поставување солидна основа и обезбедување важна платформа за идна меѓународна научна и технолошка размена, како и соработка.

Лабораторијата ќе истражува најсовремени технологии, ќе ја унапредува меѓународната научна и технолошка соработка и ќе планира големи глобални истражувачки проекти, овозможувајќи иновации во науката и технологијата да го поддржат глобалниот развој и модернизација, се додава во соопштението.

Во меѓувреме, кинеската комерцијална сателитска констелација, „Спејс сејл“, ќе обезбеди услуги за сателитска комуникација во Бразил и широкопојасен интернет пристап до оддалечени и недоволно опслужени региони.

Се очекува констелацијата на „Спејс сејл“ во Земјината орбита со целосни фреквенциски опсези и повеќеслоен, повеќеорбитен дизајнда ги донесе своите комерцијални услуги во Бразил во 2026 година.

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град