| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Тајланд врати заробени камбоџански војници пред мировните преговори идната недела во Малезија
Портпаролот на тајландската влада, Џирај Хонгсаб, во петокот изјави дека двајца камбоџански војници се вратени, додека преостанатите 18 се приведени поради кршење на законите за имиграција
Тајланд врати заробени камбоџански војници пред мировните преговори идната недела во Малезија
Тајланд и Камбоџа со децении водат спор околу делови од копнената граница, а сопственоста на неколку антички храмови е во центарот на споровите / AP
1 август 2025

Тајландската армија денес врати двајца камбоџански војници од група од 20 кои беа неодамна заробени, беше објавено пред состанокот меѓу двете држави што ќе се одржи во Малезија следната недела.

Портпаролот на тајландската влада, Џирај Хонгсаб, во петокот изјави дека двајца камбоџански војници се вратени, додека преостанатите 18 се приведени поради кршење на законите за имиграција, пишува Ројтерс.

„Камбоџанските војници влегоа на тајландска територија и армијата ги приведе, дејствувајќи според хуманитарните принципи“, рече Хонгсаб.

Министерството за одбрана на Камбоџа, пак, побара враќање на сите приведени војници, наведувајќи дека се работи интензивно за нивно ослободување.

„Камбоџа активно се приклучи на преговорите и го повторува своето јасно барање за нивно итно и безусловно ослободување, во согласност со меѓународното хуманитарно право“, соопшти министерството.

Наместо претходно планираниот состанок во Пном Пен, министрите за одбрана и воените лидери на двете земји ќе се сретнат следната недела во Малезија, откако Тајланд побара разговорите да се одржат на неутрална локација.

Портпаролот на малезиската влада изјави дека на состанокот ќе присуствуваат воени аташеи од други земји-членки на АСЕАН, како и претставници на Соединетите Американски Држави и Кина.

Со децении, Тајланд и Камбоџа водат спор околу демаркацијата на одредени делови од копнената граница долга 817 километри, а сопственоста на неколку антички храмови е во центарот на територијалните спорови.

Тензиите што тлееја со години по должината на тајландско-камбоџанската граница ескалираа минатата недела во вооружени судири, вклучително и размена на артилериски оган и употреба на борбени авиони, во она што Ројтерс го нарече најлошите судири меѓу двете соседни земји во последната деценија.

Според достапните податоци, најмалку 43 лица загинаа во судирите, додека повеќе од 300.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Прекинот на огнот беше постигнат во понеделник, по дипломатските напори на Малезија и телефонските разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претставници на двете земји.

Во таа прилика, Трамп се закани дека ќе ги прекине преговорите за царините додека не престанат конфликтите.

Дотогаш, Тајланд и Камбоџа извезуваа стока на американскиот пазар со царинска давачка од 36 проценти, а Белата куќа во петокот објави дека, како резултат на дополнителни преговори, новата царинска стапка ќе биде 19 проценти.

Повеќе
Србија загрижена по одбранбениот состанок на Косово, Албанија и Хрватска во Минхен
Трамп: Ќе распоредиме многу голема сила ако пропаднат преговорите со Иран
Ердоган и Судани разговараа за борбата со тероризмот и меѓусебната соработка
Вучиќ: Србија останува сигурен партнер на Кина во Европа
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази