ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Франческа Албанезе: Израел сака да ја направи Газа ненаселлива за да го забрза етничкото чистење
Таа се повика на советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата кое бара од Израел да ги демонтира населбите, да ги повлече трупите, да престане да ги експлоатира палестинските ресурси, да плати репарации и да го олесни враќањето на раселените
Франческа Албанезе: Израел сака да ја направи Газа ненаселлива за да го забрза етничкото чистење
Албанезе рече дека Израел нема законска основа да го продолжи своето воено присуство во Газа / Reuters
пред 5 часа

Израелскиот напад врз градот Газа има за цел да ја направи областа ненаселлива како дел од поширок план за етничко чистење, предупреди во понеделник специјалниот известувач на Обединетите нации (ОН) за човекови права на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе.

Зборувајќи на прес-конференција во Женева, Албанезе рече дека израелската офанзива врз најголемиот урбан центар во Газа претставува „тотално уништување“.

„Континуираниот напад за заробување на последните остатоци од Газа не само што ќе ги уништи Палестинците, туку ќе ги загрози и преостанатите израелски заложници“, рече таа.

Албанезе истакна дека нападите врз Газа веќе раселуваат стотици илјади луѓе.

„Израел бомбардира користејќи неконвенционално оружје, обидувајќи се насилно да ги евакуира 800.000 Палестинци кои побарале засолниште таму. Зошто? Затоа што ова е последниот дел од Газа што треба да се направи ненаселив пред да продолжи етничкото чистење на тоа парче земја. А потоа тие веројатно ќе се преселат на Западниот Брег“, рече таа.

Таа нагласи дека офанзивата не е насочена кон обезбедување на територијата, туку кон бришење на нејзината одржливост за жителите.

„Тоа веќе се случува. Не е како ова да е иден и неизвесен настан. Цели населби се уништуваат, остатоци од згради каде што луѓето барале засолниште“, рече таа.

Нарекувајќи ја операцијата „нелегална“, Албанезе рече дека Израел нема законска основа да го продолжи своето воено присуство во Газа.

Таа се повика на советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата кое бара од Израел да ги демонтира населбите, да ги повлече трупите, да престане да ги експлоатира палестинските ресурси, да плати репарации и да го олесни враќањето на раселените Палестинци.

Албанезе предупреди дека некои земји се обидуваат да го одвлечат фокусот од овие законски обврски, без да прецизира кои земји се вклучени.

Израелската војска продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа, убивајќи речиси 65.000 Палестинци од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Повеќе
Уметниците повикуваат на „Слободна Палестина“ на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес
16 бродови од Глобалната флотила Сумуд тргнаа од туниските пристаништа за Газа
Протест во израелскиот град Хаифа против гладот ​​во Газа и нападите врз новинарите
Нетанјаху вети дека „нема да има палестинска држава“
Флотилата Сумуд пријави нов напад со дрон во туниското пристаниште
ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна
Израел повторно ги крши сите правила, го напаѓа Катар среде дипломатија
Туркије го осуди израелскиот напад врз делегацијата на Хамас во Катар за време на преговорите
Велика Британија: Постапките на Израел во Газа се „крајно ужасни“, но не претставуваат геноцид
Армијата на Израел нареди целосна евакуација на градот Газа пред офанзивата
Брод на Флотилата Сумуд погоден со дрон, Тунис негира дека имало напад
Активисти ја окупираа канцеларијата на Би-Би-Си во протест против геноцидот во Газа
ЕУ: Израел да не им поставува пречки на хуманитарните партнери кои доставуваат помош во Газa
Уште 6 Палестинци починаа од глад во Газа, опколена од Израел
Петмина мртви во напад во Источен Ерусалим
Шпанскиот премиер Санчез најави девет мерки за запирање на геноцидот во Газа