9 септември 2025
Армијата на Израел издаде нова наредба за евакуација на жителите на целиот град Газа утрово и предупреди на голем напад како дел од планот за окупација, пренесува Анадолу.
Израелската армија е „решена да го елиминира Хамас и ќе дејствува во подрачјето на градот Газа со голема сила, како што дејствуваше во различни делови од Појасот Газа, објави армискиот портпарол Авичај Адрае.
Адрае ги повика жителите „веднаш да се евакуираат преку улицата Ал-Рашид кон хуманитарната зона во Ал-Маваси“.
Препорачано
„Останувањето во областа е исклучително опасно“, додаде тој.