| Macedonian
Хибридните возила ја загадуваат животната средина речиси колку и возилата на бензин
Разликата помеѓу реалните резултати и лабораториските тестови се должат на фактот дека хибридните автомобили во текот на возењето поминуваат само 27% користејќи електрична енергија, додека официјалните проценки велат дека тој процент изнесува 84%
Хибридните возила ја загадуваат животната средина речиси колку и возилата на бензин
Според студијата, хибридните возила испуштаат само 19% помалку ЦО2 од бензинските и дизел автомобилите, а не 75% помалку / Reuters
17 октомври 2025

Хибридните возила всушност ја загадуваат животната средина речиси пет пати повеќе отколку што покажуваат лабораториските тестови, покажала анализата на 800.000 автомобили во Европа, спроведена од Европската федерација за транспорт и животна средина, позната како Транспорт и животна средина, европски чадор за невладини организации кои работат во областа на транспортот и животната средина, промовирајќи одржлив транспорт.

Според податоците од студијата, хибридните возила испуштаат само 19 проценти помалку јаглерод диоксид од бензинските и дизел автомобилите, иако лабораториските тестови покажуваат дека овие возила ја загадуваат животната средина 75 проценти помалку од стандардните.

Европските производители на автомобили ги промовираа хибридните возила со приклучок ПХЕВ (PHEV), кои користат електрични батерии покрај моторот, како средство за транспорт што ги намалува емисиите на штетни гасови.

„Реалниотните податоци покажуваат дека овие возила испуштаат сè повеќе штетни гасови, додека според лабораториските тестови, овие емисии се намалуваат“, рече научничката Софија Навас Голке, една од авторите на студијата.

Истражувачите анализирале податоци за 800.000 возила од 2021 до 2023 година.

Авторите на студијата ја припишуваат разликата помеѓу нивните резултати и лабораториските тестови на фактот дека хибридните автомобили во текот на возењето поминуваат само 27 користејќи електрична енергија, додека официјалните проценки велат дека тој процент изнесува 84 отсто.

Во анализата се наведува дека две корективни мерки објавени од Европската комисија ќе го намалат овој јаз, но нема целосно да го надминат.

Студијата покажа дека, дури и кога користат електричен режим, хибридните возила испуштаат повисоки нивоа на штетни емисии од официјалните проценки.

Причината за ова е што нивните електрични мотори не се доволно моќни за да работат сами, па за една третина од растојанието што го поминуваат на електрична енергија, тие исто така согоруваат фосилни горива.

Патрик Плоц, раководител на одделот за енергетска економија на Институтот Фраунхофер за системи и иновации, кој не беше вклучен во студијата, рече дека тоа е „многу корисен придонес“ по години во кои делови од автомобилската индустрија тврдеа дека има премалку податоци за прецизно проценување на емисиите во реалниот свет.

„Резултатите покажуваат, без сомнение, дека јазот помеѓу официјалната и реалната потрошувачка на гориво и емисиите на ЦO2 кај ПХEБ е многу, многу поголем отколку кај бензинските или дизел автомобилите“, рече Плоц, кој објави истражување на оваа тема. 

Според него, сите промени во политиката во однос на ПХEВ треба да се направат со најголема грижа и во светлината на тие податоци.

Хибридните возила се вратија во политичката дебата бидејќи производителите на автомобили вршат притисок врз ЕУ да ги ублажи своите цели за емисии на ЦO2.

На забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година се спротивставува автомобилските компании и земјите со силна автомобилска индустрија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не треба да има драстично намалување на производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година, додека некои германски политичари ги гледаат хибридните возила како начин за пофлексибилни нови регулативи на ЕУ.

Истражувачите пресметале дека потценувањето на емисиите на ПХEВ им овозможило на четири големи групи производители на автомобили да избегнат казни од над 5 милијарди евра меѓу 2021 и 2023 година, со тоа што вештачки го олесниле исполнувањето на просечните цели на ЕУ за ЦO2.

Тие додадоа дека возачите на ПХEВ возила, исто така, ќе плаќаат околу 500 евра повеќе годишно за оперативни трошоци отколку што би се претпоставило според лабораториските тестови.

„Смелите тврдења што производителите сакаат да ги дадат за своите плаг-ин хибридни возила се очигледно далеку од вистината“, рече Колин Вокер, аналитичар за транспорт во Одделот за енергетска и климатска интелигенција.

„Потрошувачите се измамени да веруваат дека со купувањето ПХEВ возила, тие помагаат на животната средина и заштедуваат пари. Реално, ПХEВ возилата се малку подобри од обичните бензински и дизел автомобили кога станува збор за горивото што го трошат, ЦO2 што го произведуваат и парите поторшени за да работат“, вели Вокер.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина