| Macedonian
Индија за прв пат предизвикала вештачки дожд за да го реши проблемот со загадувањето
Нивото на ПM2.5 честички- најопасните бидејќи се апсорбираат директно во крвта, во Њу Делхи во некои денови достигнуваат до 60 пати повеќе од максималното дневно ниво препорачано од Светската здравствена организација
Индија за прв пат предизвикала вештачки дожд за да го реши проблемот со загадувањето
Њу Делхи, со повеќе од 30 милиони жители, редовно се рангира меѓу најзагадените главни градови на планетата / Reuters
24 октомври 2025

Регионалната влада на Њу Делхи за прв пат предизвикала вештачки дожд над градот Њу Делхи за да го растера токсичниот смог што веќе неколку дена го обвива индискиот главен град.

Владата, во соработка со Индискиот институт за технологија Канпур, во четврток го спровела првиот тест со едномоторен авион Цесна над Бурари, град кој се наоѓа на север од Федералната територија Делхи.

„Беше извршен пробен лет за време на кој беа испукани ракети за распрснување на облаци“, изјави Манџиндер Синг Сирса, министер за животна средина на Делхи.

Градоначалникот Река Гупта, изјави дека се надева оти доколку условите бидат поволни, индискиот главен град ќе го добие својот прв вештачки дожд на 29 октомври.

Експертите истакнуваат дека, иако овој вид експеримент со облаци треба да донесе почести и пообилни врнежи отколку што би било поинаку, неговиот ефект е често мал.

Овој процес, исто така, бара присуство на облаци, а тие често се отсутни во Њу Делхи во текот на зимата кога загадувањето е највисоко.

Њу Делхи, со повеќе од 30 милиони луѓе, редовно се рангира меѓу најзагадените главни градови на планетата, а секоја зима, студениот воздух останува заробен под потоплиот воздух, што формира „капа“ што го спречува густиот, токсичен облак од остри мириси создадени од фабриките, сообраќајот и земјоделските палења да се распрснат понатаму.

Нивото на ПM2.5 честички- најопасните бидејќи се апсорбираат директно во крвта, некои денови достигнуваат до 60 пати повеќе од максималното дневно ниво препорачано од Светската здравствена организација.

Од почетокот на неделата, нивото на загадување се зголеми, особено по Диали, хиндуистичкиот фестивал на светлата, за време на кој жителите палат пиротехнички ракети и петарди.

Во зори во вторник, нивото на микрочестички ПM2.5 достигна повеќе од 56 пати повеќе од дневната граница, според податоците од швајцарската компанија ИКЈУАир, специјализирана за следење на квалитетот на воздухот.

Повеќе
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата
ЕК предлага мерки за намалување на трошоците за енергија и зголемување на енергетската независност
ДЗС: Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Зеленски: САД е за примирје само по рамковниот договор, Туркије прави напори за енергетско примирје
Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО, подготвени сме да гарантираме писмено
Путин ја потврди поддршката на Русија за Венецуела
Мерц ги повика САД да учествуваат на состанокот на високо ниво за Украина во Берлин следната недела
Руте: Ние сме следната цел на Русија
Софија: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот
Трамп: Си-Ен-Ен треба да оди на продажба по најавата за преземање на Ворнер