пред 15 часа
Ирански воен хеликоптер се урна во неделата во областа Дорче во покраината Исфахан, при што загинаа четири лица, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според првичните информации, хеликоптерот се урнал во комплекс на големопродажен пазар за овошје и зеленчук, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр.
ПРЕПОРАЧАНО
Хеликоптерот во моментот на несреќата извршувал тренажна мисија. Во падот животот го загубиле пилотот и копилотот, како и двајца цивили кои работеле на пазарските тезги.
Причината за несреќата засега не е официјално соопштена од надлежните власти.


















