| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Кина повика на воздржаност по воениот притисок на САД врз Иран
„Кина внимателно ја следи релевантната ситуација. Ги повикуваме сите страни да останат воздржани. Ескалацијата на ситуацијата не е во ничиј интерес“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг
Кина повика на воздржаност по воениот притисок на САД врз Иран
Кина повика на воздржаност по воениот притисок на САД врз Иран / DPA
пред 15 часа

Кина повика на „воздржаност“ во услови на засиленото американско воено присуство, во момент кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Иран да постигне договор за нуклеарната програма.

„Кина внимателно ја следи релевантната ситуација. Ги повикуваме сите страни да останат воздржани. Ескалацијата на ситуацијата не е во ничиј интерес“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг, на прес-конференција во Пекинг.

Таа одговараше на прашање во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека размислува за ограничен напад врз Иран доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон.

Делегации од Иран и САД треба повторно да се состанат во Женева, Швајцарија, в четврток, за да ги продолжат разговорите за можен нуклеарен договор, во услови на зголемени регионални тензии и шпекулации за можен непосреден конфликт.

Новата рунда разговори се одржува во време на невидено засилување на американското воено присуство во Персискиот Залив и серија воени вежби на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран во изминатите денови.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека би можело да дојде до воена акција против Иран доколку не се постигне договор во рок од 10 до 15 дена.

Изјавата на Пекинг следува откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денес изјави дека Вашингтон „ги задржува сите опции отворени“ во однос на Иран, повикувајќи ја земјата да пристапи кон договор.

Хегсет повтори дека Трамп претпочита дипломатско решение, но нагласи дека американската војска е подготвена со алтернативни планови доколку Иран одбие да постигне договор.

На прашањето дали воените напади и натаму се разгледуваат како опција, Хегсет одговори: „Сè е на маса.“

„Одлуката е на претседателот. Ние сме тука за да помогнеме да се обезбеди постигнување договор. Мислам дека би било мудро Иран да постигне добар договор“, додаде тој.

Повеќе
Кина повика на воздржаност по воениот притисок на САД врз Иран
Поранешниот јужнокорејски претседател се жали на доживотна казна затвор за декрет за воена состојба
Пирц Мусар: Итен договор за Украина е клуч за глобалната безбедност
Американски конгресмен предложи закон со кој се условува употребата на американско оружје во Газа и на Западниот Брег
Четири лица загинаа при пад на ирански воен хеликоптер во покраината Исфахан
Студентските немири во Иран на третиот ден се проширија на главните кампуси
Американската војска нападна уште еден брод во Карибите, убиени тројца „наводни“ шверцери на дрога
Четворица припадници на сириските безбедносни сили убиени во напад на ДАЕШ
Ердоган го поздравува растечкиот глобален профил на Туркије
Уапсен поранешниот британски дипломат Манделсон  поради врските со Епштајн
Европскиот Парламент: Одложено гласањето за ратификација на трговскиот договор со САД
Росатом ѝ нуди на Србија изградба на нуклеарна централа
Американската царина ќе ја запре наплатата на блокираните царини од вторник
Владејачката партија на Северна Кореја го реизбра Ким Џонг-ун за генерален секретар
Како мексиканскиот картел Халиско стана толку моќен