| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“
Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000.
Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“
Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“ / TRT Balkan
2 декември 2025

 Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000.

Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за снимање – се сметаат за валиден доказ, укажува Министерството за внатрешни работи откако започна едномесечниот пробен период за примена на системот „Безбеден град“ во кој сторителите на собраќајни прекршоци добиваат известување за сторениот  прекршок. 

Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР,  меѓу другото, врши контрола над возачите и другите учесници на сообраќајот на патиштата. Контролата ја врши преку непосредно забележување со употреба на соодветни технички средства и направи и со последните измени на Законот прекршоци ќе се документира со технички средства и уреди за снимање. Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“ ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата односно, велат од МВР, нема да има толеранција без разлика дали се документира прекршок во населено место или пак надвор од населено место. 

Во пробниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како управување со возило со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот „Безбеден град“  на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок МВР му доставува СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, податоци кои сопственикот на возилото ги дал при регистрација, со линк за преземање на записник за сторен сообраќаен прекршок, со прекршочен платен налог. 

Доколку сторителот ја презема одговорноста за сторен сообраќаен прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќен прекршок со прекршочен платен налог ќе плати половина  од изречената глоба.

Ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови се плаќаат трошоци на целокупната постапка.

Странец, како и државјани на Република Северна Македонија коишто со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата  е должен веднаш а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен  платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не  ја  платил глобата Министерството за внатрешни рабти ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата. За прекршок за кој покрај глобата е предвидена и санкција забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови и за прекршок важење на возачка дозвола МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд.

Глобите ќе може да се платат електронски преку линк кој сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатница автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изрелена во денари. Во овие случаи МВР веднаш електронси добива известување дека глобата е платена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Путин разговараше со арапските лидери за нападите врз Иран - Дијалог и смирување на тензиите
Ердоган и Мерц разговараа за американско-израелските напади врз Иран
Кина ги обвини САД за ескалација на сајбер тензиите
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Затворена најголемата рафинерија во Саудиска Арабија по напад на ирански дронови
Зеленски: Украина е подготвена да ги отвори сите преговарачки кластери со ЕУ за неколку дена
Либанскиот премиер најави забрана за воените активности на Хезболах
Три американски авиони Ф-15Е по грешка соборени од кувајтската воздушна одбрана