Премиерот Ентони Албаниз соопшти дека неговата земја го поддржува планот за ставање крај на конфликтот.
„Австралија го поздравува планот на претседателот Трамп за донесување мир во Газа по две години конфликт и катастрофална загуба на животи. Австралија долго време повикува на прекин на огнот. Секако ја поздравив можноста за да разговарам за плановите за прекин на огнот во текот на изминатата недела со низа лидери“, рече тој.
Го поздравуваме фокусот што е ставен во планот за палестинско самоопределување и државност и поддршката на палестинската власт за планот, заедно со толку многу други земји во регионот и земји кои имаат големо муслиманско население, како што се Индонезија и Пакистан“, додаде Албаниз.
Тој ги повика сите страни сериозно да се вклучат во планот и да работат на реализација на неговата визија без одложување.
Трамп ги изнесе клучните точки од неговиот план за прекин на огнот во Газа вчера за време на прес-конференцијата во Вашингтон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Предлогот вклучува ослободување на израелските заробеници и разоружување на Хамас.