СВЕТ
2 мин читање
Војската во Непал ја презема контролата по протестите во кои е запален и Парламентот
Демонстрантите денеска линчуваа тројца полицајци во Котешвор откако тие веќе се предале, па биле претепани до смрт од толпата, а сопругата на поранешниот премиер Џала Нат Канала починала откако била запалена жива во нејзината куќа
Војската во Непал ја презема контролата по протестите во кои е запален и Парламентот
Непалската војска соопшти дека демонстрантите ја искористуваат моменталната криза за да палат, ограбуваат и уништуваат јавен и приватен имот / Reuters
9 септември 2025

Непалската војска соопшти дека ќе ја преземе контролата врз состојбата во земјата по насилните протести кои кулминираа со палењето на Парламентот и инситуциите, како и убиства на полицајци.

Според армијата, демонстрантите ја искористуваат моменталната криза за да палат, ограбуваат и уништуваат јавен и приватен имот.

Тие предупредија дека доколку инцидентите продолжат, сите безбедносни агенции, вклучително и непалската армија, ќе ја преземат контролата врз ситуацијата од 22:00 часот по локално време, без понатамошно објаснување.

„Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат армијата“, се вели во соопштението, најавувајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени по проценката на ситуацијата.

Демонстрантите одлучија да го прекршат полицискиот час воведен од владата поради демонстрациите кои кулминираа вчера во кои загинаа 22 лица.

Граѓаните, главно млади од „Генерацијата З“ се огорчени од корупцијата и забраната за социјалните медиуми воведена минатата недела, што на крајот беше укината по протестите.

Во меѓувреме, непалскиот претседател Рамчандра Паудел официјално ја прифати оставката поднесена претходно денес од премиерот на земјата К. П. Шарма Оли.

Тој рече дека го сторил тоа за да го отвори патот за уставно решение на кризата.

Министерот за водоснабдување Прадип Јадав, министерот за земјоделство и сточарство Рам Нат Адикари и министерот за внатрешни работи Рамеш Лехак, исто така, поднесоа оставки.

Демонстрантите денеска убија тројца полицајци стационирани во Котешвор откако тие веќе се предале, објави непалската новинска веб-страница Хабархуб.

Според очевидци, демонстрантите прво ја запалиле полициската станица пред да ги извлечат полицајците на улица. И покрај тоа што го положиле оружјето, тројцата полицајци биле претепани до смрт од толпа.

Сопругата на поранешниот непалски премиер Џала Нат Канала починала откако била запалена жива во нејзината куќа опожарена за време на насилните антивладини протести.

Немирите избувнаа кога владата ги забрани социјалните медиуми, а во

Повеќе
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Орбан: Членство во ЕУ базирано на заслуги, а не како гаранција за безбедност
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
ФБИ објави фотографии од осомничениот убиец на Чарли Кирк, нуди награда од 100.000 долари
Најмалку 3 загинати, 70 повредени во експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити
Изгласан одбранбен буџет на САД од 900 милијарди долари од кои 400 мииони за Украина
Индија побара Русија да не регрутира нејзини државјани
Пакистанската армија тврди дека убила 19 осомничени милитанти
Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31
Падна електричната мрежа во Куба, прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров
Сојузникот на Трамп и десничарски активист Чарли Кирк застрелан на Универзитетот Јута
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“
Туркије, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија го осудија израелскиот напад на Доха
Трамп планира телефонски разгвоор со Путин оваа или на почетокот на следната недела
Ким Јонг Ун: Никој не може да го загрози статусот и безбедноста на Северна Кореја
Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа