СВЕТ
1 мин читање
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“
Фон дер Лајен ја истакна важноста на членството во ЕУ за Западен Балкан во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“ / AA
10 септември 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека „иднината на Западен Балкан е во Европската Унија (ЕУ)“.

Фон дер Лајен ја истакна важноста на членството во ЕУ за Западен Балкан во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

„Само обединета и повторно обединета Европа може да биде независна Европа, поголема и посилна Унија која е гаранција за безбедност за сите нас. И затоа иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ“, рече таа.

Говорејќи за независноста и судбината на ЕУ, Фон дер Лајен додаде:

„Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што сите Европејци го заслужуваат. Бидејќи Европа е идеја – идеја за слобода и заедничка сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. И денес е моќна како и тогаш. Затоа ги приближуваме идните земји членки кон нашата Унија. Мора да го задржиме темпото на овој процес заснован на заслуги.“

Повеќе
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Орбан: Членство во ЕУ базирано на заслуги, а не како гаранција за безбедност
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
ФБИ објави фотографии од осомничениот убиец на Чарли Кирк, нуди награда од 100.000 долари
Најмалку 3 загинати, 70 повредени во експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити
Изгласан одбранбен буџет на САД од 900 милијарди долари од кои 400 мииони за Украина
Индија побара Русија да не регрутира нејзини државјани
Пакистанската армија тврди дека убила 19 осомничени милитанти
Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31
Падна електричната мрежа во Куба, прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров
Сојузникот на Трамп и десничарски активист Чарли Кирк застрелан на Универзитетот Јута
Туркије, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија го осудија израелскиот напад на Доха
Трамп планира телефонски разгвоор со Путин оваа или на почетокот на следната недела
Ким Јонг Ун: Никој не може да го загрози статусот и безбедноста на Северна Кореја
Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа
Војската во Непал ја презема контролата по протестите во кои е запален и Парламентот