| Macedonian
Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска и утре, ќе учествува на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), во Варшава, Полска.
Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава
Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава / Other
 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), кој ќе се одржи во Варшава, Полска.

Настанот, организиран во соработка со Атлантскиот совет, претставува значајна платформа за дијалог и размена на искуства меѓу високи владини претставници, меѓународни институции и претставници на енергетскиот сектор од Европа и САД, меѓу кои американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, премиерот на Полска Доналд Туск и полскиот министер за енергетика Милош Мотика.

Министерката Божиновска ќе учествува како панелист на сесијата посветена на зајакнувањето на европската енергетска безбедност, отпорноста на критичната инфраструктура и диверзификацијата на снабдувањето со енергија.

Форумот претставува значајна платформа за размена на ставови и искуства, унапредување на енергетската соработка и отворање можности за нови партнерства меѓу Европа и САД.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
Кибернапад врз Европската комисија
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија